Македонците уживаат во добрите игри на нивните ракометари, оценуваат српските медиуми, особено потецирајќи ја лотаријата на Македонската телевизија на која илјада најсреќни добија бесплатни билети од владата за натреварот во Белград, каде што веќе има илјадници Македонци.
И покрај тоа што на ракометарите ќе им треба чудо да се пласираат во полуфиналето, српските медиуми наведуваат дека македонските навивачи не биле загрижени, бидејќи и онака уживаат во игрите на Кире Лазаров и екипата.
Исто така се оценува дека Македонците, барем досега на турнирот, покажале одличен ракомет, но оти имаат малку шанси за натамошен пласман. Математиката не им е наклонета, пишуваат српските весници, додавајќи: Македонија мора да ја победи Србија.
Истовремено Полска мора да ја победи Германија, но не повеќе од два гола разлика, а Швеѓаните мора да ги победат Данците.
Натпреварот во Белградска арена почнува во 20 часот и 15 минути, а Србија веќе обезбеди пласман во полуфиналето.
Десниот бек на српската репрезентација Марко Вуин, сепак, за српските медиуми изјави дека во натпреварот не треба да се влегува опуштено.
„Против Македонија одиме на победа да ја продолжиме серијата и да го дочекаме полуфиналето што многумина го сонуваа, а сега ни се остварува“, изјави Вуин.
Капитенот на македонската репрезенатција Кире Лазаров пак, за агенцијата Танјуг изјави дека очекува одлична атмосфера.
„Ќе има десет илјади наши против десет илјади српски навивачи. Па на светот да му покажеме како се игра ракомет во поранешна Југославија, како се навива за својот тим и како се сака државата“, изјави Лазаров.
Српските медиуми потенцираат дека македонската репрезентација е најпријатното изненадување на првенството и оти никој досега не ги надиграл.
Ќе има десет илјади наши против десет илјади српски навивачи. Па на светот да му покажеме како се игра ракомет во поранешна Југославија, како се навива за својот тим и како се сака државата.Кире Лазаров, капитен на македонската репрезентација.
Исто така се оценува дека Македонците, барем досега на турнирот, покажале одличен ракомет, но оти имаат малку шанси за натамошен пласман. Математиката не им е наклонета, пишуваат српските весници, додавајќи: Македонија мора да ја победи Србија.
Истовремено Полска мора да ја победи Германија, но не повеќе од два гола разлика, а Швеѓаните мора да ги победат Данците.
Против Македонија одиме на победа да ја продолжиме серијата и да го дочекаме полуфиналето што многумина го сонуваа, а сега ни се остварува.Марко Вуин, репрезентативец на Србија.