„Задоволен сум од начинот на кој се боревме. Нашата намера беше да бидеме поагресивни, но се случи Македонците да бидат уште поагресивни од нас и затоа тие го добија натпреварот.“
Ова го изјави тренерот на Полска Богдан Вента, откако полската ракометна репрезентација вчера загуби од Македонија на Европското првенство во Белград. Ракометарот Патрик Качински, пак, смета дека судиите премногу свиреле во корист на Македонците.
„Но, тоа не го менува фактот дека тие играа добро. Македонскиот голман исто така многу придонесе за победата. Нема зошто да ги обвинуваме судиите. Грешката е на наша страна“, изјави Качински.
За голманот Марцин Викари, главна причина за неуспехот со Македонците е слабата игра покажана во првото полувреме.
„Ова е трет пат на Европското првенство како слабо играме во првиот дел на мечот. Но, за разлика од претходните два овој пат не успеавме да извлечеме поволен резултат“, изјави голманот на полската селекција.
На исто мислење е и левото крило на Полјаците Томаш Тлучински:
„Не знаеме што ни случи во почетокот. Но, за жал не успеавме да го повториме успехот од натпреварот со Шведска. Никој во нашиот тим не може да си одговори зошто стартувавме толку лошо. Но, се уште имаме шанса да добиеме билет за Олимписките игри.“
Сепак, полските медиуми сметаат дека по поразот од Македонија, Полјаците многу го искомплицираа пат до полуфиналето и оти можностите за напредување паднаа скоро на нула, но оти теоретски се уште постојат.
Србите, Германците и Данците својата судбина ја имаат во свои раце и нивните победи ги водат во полуфиналето, наведуваат полските весници додавајќи дека тоа не е случај со Швеѓаните кои по празот од Србија ги загубија шансите.
Полјаците не смеат да загубат ни бод од Германците. Во оваа ситуација, пред последната рунда, Србите имаат 7 бода и веќе обезбедија пласман, Германците имаат пет бода, четири Данците, Полјаците 3, како и Македонците, а Швеѓаните два. Очигледно за Полјаците, позитивното сценарио звучи како научна фантастика. Но од друга страна како што на претходните мечеви пред оној со Македонците покажаа играчите на Богдан Вента ништо не е невозможно, оценуваат полските медиуми.
Но, тоа не го менува фактот дека тие играа добро. Македонскиот голман исто така многу придонесе за победата. Нема зошто да ги обвинуваме судиите. Грешката е на наша страна.Патрик Качински, ракометар.
Ова го изјави тренерот на Полска Богдан Вента, откако полската ракометна репрезентација вчера загуби од Македонија на Европското првенство во Белград. Ракометарот Патрик Качински, пак, смета дека судиите премногу свиреле во корист на Македонците.
„Но, тоа не го менува фактот дека тие играа добро. Македонскиот голман исто така многу придонесе за победата. Нема зошто да ги обвинуваме судиите. Грешката е на наша страна“, изјави Качински.
За голманот Марцин Викари, главна причина за неуспехот со Македонците е слабата игра покажана во првото полувреме.
Не знаеме што ни случи во почетокот. Но, за жал не успеавме да го повториме успехот од натпреварот со Шведска. Никој во нашиот тим не може да си одговори зошто стартувавме толку лошо. Но, се уште имаме шанса да добиеме билет за Олимписките игри.