Во инфаркт меч, со гол од контра-напад во последната секунда, македонските ракометари изгубија од Данска 33-32 во првиот натпревар од втората фаза од натпреварите на ЕП во Србија, што се играше во Белград. По водството од 6 разлика што го имаа во делови од првото половреме, македонските ракометари на крај загубија со еден разлика.
Неколкуте илјади македонски навивачи што ја обоија белградска Арена во црвено-жолто не им помогнаа на ракометарите да дојдат до победа.
Најефикасни во македонскиот состав беа Кире Лазаров со 13 и пикерот Стојанче Стоилов со 7 голови. Кај Данците, Микел Хансен даде 12, а Ханс Линдберг 8 голови.
Македонскиот тим ја контролираше играта во текот на првото полувреме. Иако на неколку наврати Данците израмнуваа, ниту еднаш не презедоа водство. Натпреварот се играше израмнето во првите 14 минути кога резултатот беше 9-9, но во наредните 5 минути, со трите гола на Стоилов и двата на капитенот Лазаров, Македонија направи предност од 14-9, за во 26 минута да направи предност од 19-13. Последните неколку минути од првото полувреме им припаднаа на данските ракометари и полувремето заврши 19-16.
Данците израмнија на 23-23 во 44 минута, а најголема предност 30-27 имаа на 7 минути до крајот на натпреварот. Со двата гола на Лазаров, Македонија израмни на 32-32 на две минути до крајот на натпреварот. Голманот Борко Ристовски одбрани и Македонија имаше напад за победа, но на неколку секунди пред крајот на натпреварот промаши, по што Данците од контранапад дадоа гол за победа во последната секунда од натпреварот.
Во претходниот натпревар од групата I, каде што игра Македонија, Шведска играше нерешено со Полска 29-29. Домаќинот Србија и Германија вечерва одиграа нерешено 21-21, иако Србија на полувреме водеше 12-7, а во 36 минута водеше 16 - 10.
Моменталната состојба на табелата, по првите натпревари од втората фаза е:
Наредниот натпревар Македонија го игра против Полска в понеделник, а со Србија игра во Среда.
Европското првенство за мажи-2012 година е десетти европски шампионат во ракомет. Првенството во Србија ќе трае до 29 јануари. Натпреварите се играат во Белград, Вршац, Ниш и Нови Сад. На ЕП 2012 година учествуваат 16 европски селекции.
Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски пред заминувањето во Ниш изјавија дека се максимално подготвени и мотивирани за стартот на големото натпреварување.
На Светското првенство кое во 2009 година се одигра во Хрватска, македонските ракометари го завршија на 11-то место. Актуелен светски и европски шампион во ракомет е репрезентацијата на Франција.
Натпреварот се играше израмнето во првите 14 минути кога резултатот беше 9-9, но во наредните 5 минути, со трите гола на Стоилов и двата на капитенот Лазаров, Македонија направи предност од 14-9, за во 26 минута да направи предност од 19-13.
Неколкуте илјади македонски навивачи што ја обоија белградска Арена во црвено-жолто не им помогнаа на ракометарите да дојдат до победа.
Најефикасни во македонскиот состав беа Кире Лазаров со 13 и пикерот Стојанче Стоилов со 7 голови. Кај Данците, Микел Хансен даде 12, а Ханс Линдберг 8 голови.
Македонскиот тим ја контролираше играта во текот на првото полувреме. Иако на неколку наврати Данците израмнуваа, ниту еднаш не презедоа водство. Натпреварот се играше израмнето во првите 14 минути кога резултатот беше 9-9, но во наредните 5 минути, со трите гола на Стоилов и двата на капитенот Лазаров, Македонија направи предност од 14-9, за во 26 минута да направи предност од 19-13. Последните неколку минути од првото полувреме им припаднаа на данските ракометари и полувремето заврши 19-16.
Данците израмнија на 23-23 во 44 минута, а најголема предност 30-27 имаа на 7 минути до крајот на натпреварот. Со двата гола на Лазаров, Македонија израмни на 32-32 на две минути до крајот на натпреварот. Голманот Борко Ристовски одбрани и Македонија имаше напад за победа, но на неколку секунди пред крајот на натпреварот промаши, по што Данците од контранапад дадоа гол за победа во последната секунда од натпреварот.
Во претходниот натпревар од групата I, каде што игра Македонија, Шведска играше нерешено со Полска 29-29. Домаќинот Србија и Германија вечерва одиграа нерешено 21-21, иако Србија на полувреме водеше 12-7, а во 36 минута водеше 16 - 10.
Моменталната состојба на табелата, по првите натпревари од втората фаза е:
Место | Репрезентација | Одиграни натпревари | Голови дадени/примени | Гол разлика | Бодови |
1 | Германија | 3 | 74-68 | +6 | 5 |
2 | Србија | 3 | 67-61 | +6 | 5 |
3 | Полска | 3 | 74-77 | -3 | 3 |
4 | Данска | 3 | 81-83 | -2 | 2 |
5 | Шведска | 3 | 79-84 | -5 | 2 |
6 | Македонија | 3 | 81-83 | -2 | 1 |