Достапни линкови

Ракометарите со оптимизам на ЕП во Србија


Ракометна репрезентација на Mакедонија.
Ракометна репрезентација на Mакедонија.

Доколку ни се укаже шанса секако дека ќе се обидеме да ја искористиме, иако сме најголеми аутсајдери и според обложувалниците и според рејтингот на ЕХФ, вели капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров.

Македонските ракометни репрезентативци со нескриен оптимизам го очекуваат стартот на Европското првенство што од 15 до 29 јануари ќе се одржи во соседна Србија. Таму наша примарна цел ќе биде пласман меѓу 12-те најдобри, за што ќе треба да го освоиме најмалку третото место во групата во Ниш, каде противници ќе ни бидат Германија, Шведска и Чешка.
Наш мотив е најпрвин да се пласираме во втората фаза во Белград, а после тоа целта ни е да освоиме меѓу првите осум места, односно да избориме квалификационен турнир за Олимпијадата во Лондон. Полни сме со оптимизам, подготвени сме и физички и психички со помош на нашата публика која ќе дојде во голем број да ја оствариме нашата цел.
Филип Миркуловски, ракометар.

Тоа се силни селекции, со многу подобар рејтинг од нашиот, но ривали со кои, општо е мислењето, можеме да се носиме. Особено во ситуација кога салата ќе биде исполнета со наши навивачи, што уште отсега го крева адреналинот кај избраниците на селекторот Звонко Шундоски.

„Одиме да го дадеме најдоброто од себе. Наш мотив е најпрвин да се пласираме во втората фаза во Белград, а после тоа целта ни е да освоиме меѓу првите осум места, односно да избориме квалификационен турнир за Олимпијадата во Лондон. Полни сме со оптимизам, подготвени сме и физички и психички со помош на нашата публика која ќе дојде во голем број да ја оствариме нашата цел“, изјави Филип Миркуловски.

Тој, но и останатите репрезентативци не сакаат да
Илустрација
Илустрација
оценуваат против кого во групата имаме најголеми шанси за победа. Наместо тоа, капитенот Кирил Лазаров најавува голема борба во секој дуел, па ако се укаже можност и повторување на историскиот успех на кошаркарскиот национален тим, кој од пред 4 месеци е четврти во Европа.

„За кошаркарите секоја чест. Тие веруваа, направија и покажаа на сите Македонци, на сите спортисти, на
Не се оптоваруваме со медали. Тоа е нереално, но, доколку ни се укаже шанса секако дека ќе се обидеме да ја искористиме, иако сме најголеми аутсајдери и според обложувалниците и според рејтингот на ЕХФ.
Кирил Лазаров, капитен на репрезентацијата.
сите полиња дека во тоа што се работи треба да се верува. И ние веруваме и ќе пробаме се за да направиме. Не се оптоваруваме со медали. Тоа е нереално, но, доколку ни се укаже шанса секако дека ќе се обидеме да ја искористиме, иако сме најголеми аутсајдери и според обложувалниците и според рејтингот на ЕХФ. Но, имаме добра атмосфера, имаме добри играчи и едноставно ќе се обидеме да го дадеме максимумот од нас“, рече Лазаров.

За Наумче Мојсоски наш адут за висок пласман е и тоа што од сите сме прогласени за најголеми аутсајдери на претстојното Еуро.

„Кога некој да те смета за аутсајдер те гледа со други очи. Тоа за нас е предност и мислам дека ќе ја искористиме и ќе покажеме и докажеме на сите во Европа дека тоа што се случи на СП во Хрватска и дека овој котинуитет не е ништо случајно“, истакна Мојсоски.

Инаку, во првиот меч во Ниш, в недела, се среќаваме со Шведска. Два дена подоцна е дуелот со Германија, а за 19-ти јануари е закажана пресметка со Чешка. Во македонската јавност владее огромна заинтересираност за овие средби, за кои веќе нема билети во слободна продажба. Тоа кај препродавачите на Интернет ја крена нивната цена на неверојатни 500 евра, наспроти регуларната од триесетина евра за трите дуели.
XS
SM
MD
LG