Достапни линкови

Ваши коментари - Најинтересен случајот Мартин Нешкоски


Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, на 29 септември 2011 година.
Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, на 29 септември 2011 година.

Најголемо внимание кај нашите читатели изминатава недела предизвика колумната „Мартин Нешкоски - убиство или несреќен случај?“ на Воислав Стојановски од Движењето Стоп за полициската бруталност.

Во младинската он-лајн колумна на редакцијата на Радио Слободна Европа на македонски јазик, своите впечатоци од судскиот процес на обвинетиот Игор Спасов за убиството на Мартин Нешковски на денот на прославата на победата на владејачката партија на јунските избори, што доброволно го набљудувал токму поради контроверзниот однос на институциите на власта, ги опишува Воислав Стојановски, докторант на Универзитетот Масарик во Брно, Чешка, и активист на Движењето Стоп за полициската бруталност.
Тепаат кај што ќе стигнат, а МВР ги штити и Лупус и останатите бандитски групации. Срамота!
Коментар од читател.

Вашиот интерес, почитувани, е очигледен, според вашите коментари: Андреја од Козле се плаши дека, за да се стекнат политички поени, како општество не сме бирале средства, покрај загинатото момче, да сме земеле на душа уште еден млад човек.
Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, на 29 септември 2011 година..
Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, на 29 септември 2011 година..

Јоци смета дека сме станале мафијашка држава во која се штитат интересите на фамилијата, а МВР е нивно оружје. Тепаат кај што ќе стигнат - пишува Јоци - а „МВР ги штити и Лупус и останатите бандитски групации. Срамота!“

Тони смета дека текстот на Стојановски е одличен и дека, доколку би имале повеќе вакви професионални текстови за секоја област, државата не би била на ова дереџе, а слушател потпишан со Коментар алудира на лошата организација на работата во полициските служби за обезбедување, па пишува: „Кога некој е професионалец кој работи во државно обезбедување и не барате легитимации на местото на злосторот, туку си мислите дека некој е ова или она бидејќи така изгледа, дајте си отказ, а на шефот кажете му дека не го бива за добри одлуки, и најдете си работа во театар за улогата – избацивач“, вели.

Младите во Македонија како да не се заинтересирани за своето организирање и за канализирање на начинот на заштита на своите интереси. Колумната на извршниот директор на невладиниот Младински образовен форум, Марјан Забрчанец, во која тој пишува за иницијатаивата за формирање младински парламент - нема ниту еден коментар, барем до сега.

Нашиот текст: „Офанзива само до НАТО, а ЕУ ќе почека“ е вториот најмногу коментиран текст, при што во вашите коментари повторно и' забележувате на нашата редакција за изборот на консултираните експерти. Стариот познајник, Миле од Охрид, на пример, смета дека, како што пишува, грчката шовинистичка фарса маде ин Радио Слободна Европа и компанија - продолжува со истите актери, а Стеван Трајковски мисли дека изнесеното во текстот е лично мислење на неколкумина луѓе, од кои некои се блиски до опозицијата, а се во вербален конфликт со власта. Александар прашува кога демократскиот амбиент бил подобар, за да биде влошен сега и смета дека се глупости изјавите дека ЕУ не била на агендата на Владата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG