Достапни линкови

Крпен живот


Во Македонија има 30 насто невработени. За околу 20 насто од 630-те илјади вработени платата е околу 8 илјади денари. За други 27,6 проценти таа изнесува од 8 до 12 илјади денари, а други 30 насто земаат меѓу 12 до 20 илјади денари месечно. Тоа не стига ни за храна и сметки.

Со просечна заработувачка која е нешто повиска од 21 илјада денари тешко е да се подмират сите потреби на едно семејство особено кога има поголеми издатоци како на пример купување бела техника, трошоци за образование и домашни поправки. Треба да потсетиме дека семејствата во Македонија трошат околу 60 проценти од приходите на основни потреби, купување храна и плаќање сметки за комуналии и електрична енергија што само зборува во прилог на констатацијата дека животниот стандард е на ниско ниво.
Десет илјади се за сметки, десет за храна. Јас имам двајца родители што работат и пак е тешко, а можам да замислам како е на оние со еден родител што работи.
Анкетиран граѓанин.

„Десет илјади се за сметки, десет за храна. Јас имам двајца родители што работат и пак е тешко, а можам да замислам како е на оние со еден родител што работи.“

„Без 30 илјади денари, две проsечни плати нема ниту просечен стандард. Последниве две години е посебно тешко.“
Секој петти работник има плата помала од 8.000 денари.
Секој петти работник има плата помала од 8.000 денари.

Месечните издвојувања во семејствата за плаќање исто така повторно се зголемени поради најновата корекција на цената на услугите на Јавното сообраќајно претпријатие и на радиодифузната такса. Од Нова година ќе има и раст на цената на електричната енергија, а веќе просечна сметка во супер-маркет изнесува околу илјада денари и е поголема од лани. Коментирајќи ја ситуацијата, Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека семејство со просечна зарботувачка, сепак не може да ги покрие трошоците на просечната потрошувачка кошничка што значи дека е тешко да се зборува за раст на животниот стнадард.

Имаме мал број луѓе кои заработуваат многу и голем број луѓе кои се под просекот.
Шенај Хаџмустафа, Центар за економски анализи.
„Значи имаме мал број луѓе кои заработуваат многу и голем број луѓе кои се под просекот.“

Не треба да се заборава фактот дека околу 30 проценти од граѓаните немаат работа. Новиот закон за минимална плата предвиде износот да биде 8.050 денари, но според статистичките податоци најмали плати примаат 2,3 проценти од вкупниот број вработени во висина од 3 илјади денари. Според статистичките податоци, од 630 илјади вработени во државата, 17,8 отсто имаат плата во висина од 8 илјади, 27,6 меѓу 8 и 12 илјади, додека 30 % се со плати од 12 до 20 илјади. До подобрување на стандардот кое може да се почувствува може да дојде дури кога стопанската активност ќе заживее и кога ќе се создадат услови за раст на просечните плати, тврдат економистите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG