Достапни линкови

Дневен печат


Еколошко востание во Велес, Добивме поволен заем - да се радуваме или да стравуваме?, Ребрендираниот Груевски најдобриот наш ТВ-продукт - дел од насловите во весниците.

Фала му на Господа, би рекле постарите, што во изминатата недела главна вест на насловните на домашните печатени и во електронските медиуми беше политичката, односно владината криза во Грција, па конзументите, за промена, можеа да читаат и да слушаат и нешто друго освен за случувањата кај нас. Иако и дома имаше работи за првите страници.
„Добивме поволен заем - да се радуваме или да стравуваме?“, прашува критички настроениот Утрински весник во врска со најновото надворешно задолжување на Владата на Груевски.

„Еколошко востание во Велес“, насловува Дневник, а Утрински: „Велешани порачаа - Топилница никогаш повеќе!“. Нова Македонија - „Велешани ја погребаа Топилницата“. Дали некој ќе го послуша гласот во пустината или рестартот ќе си продолжи и покрај тоа што кучињата лаат на карванот - ќе покажат месеците што доаѓаат.

„Добивме поволен заем - да се радуваме или да страхуваме?“, прашува критички настроениот Утрински, во врска со најновото надворешно задолжување на Владата на Груевски, во исто време забележувајќи дека власта тоа го претставила како голем успех за земјава.

Од друга страна, Нова Македонија пишува дека според Државниот завод за статистика, во Македонија за пет години не е изграден ниту километар нов автопат.

Нова Македонија објавува текст под наслов: „Ребрендираниот Груевски - најдобриот наш ТВ-продукт“. Имено весникот ги објавува мислењата на комуникациски експерти дека настапите на премиерот биле школски пример за професионално сработена пиар-стратегија и дека од последната победа во јуни се забележувало промена во неговиот настап во медиумите кон подобро.
Ребрендираниот Груевски - најдобриот наш ТВ-продукт.
Нова Македонија.

Вечер, пак, го цитира Груевски од интервјуто за една телевизија: „Црвенковски користи артилерија од музеј“ во врска со нападите на лидерот на СДСМ искажани на прес-конференцијата на завршувањето на 100-те дена мир за Владата на Груевски.

Инаку, Вечер во неколку броја се занимава и со опасноста од дивите свињи кои почнале да се спуштаат од височните на Водно и претставувале опасност за граѓаните кои живеат на падините на планината.

Утрински“ информира дека СДСМ планира да ја прошири коалицијата во еден фронт против Владата пред самитот на НАТО во Чикаго, а дека ВМРО-НП повторно „фаќа“ трет пат. И Дневник ја следи оваа тема: „Силни суети, разединета опозиција“ е насловот во весникот кој забележува дека „Паднаа првите повици, ама и услови за опозициско обединување“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG