Достапни линкови

Велешани не попуштаат за Топилницата


Протести против рестартирањето на Топилницата во Велес
Протести против рестартирањето на Топилницата во Велес

Велешани кои едногласно порачуваат - НЕ за рестартирањето на Топилницата, се надеваат на поддршка од надлежните институции.

Дваесет илјади велешани се едногласни во својот став - не доаѓа предвид рестартирањето на Топилницата чиишто последици сеуште ги трпат нивните деца. За својот револт добија поддршка и од градоначалникот на градот и од претседателот на Државата, Ѓорге Иванов. Се надеваат на ваква поддршка и од останатите институции и дека Топилницата којашто ќе донесе нова инвестиција и ќе отвори нови работни места ќе се најде на посоодветна локација.
Мене ми се чини дека основното демократско правило во една демократска земја, ако демократијата е владеење на народот, тогаш да се почитува волјата на народот, а народот масовно ја покажа својата волја дека не сака Топилница во градот.
Александар Кукулев од организацијата Грин Пауер.

„Мене ми се чини дека основното демократско правило во една демократска земја, ако демократијата е владеење на народот, тогаш да се почитува волјата на народот, а народот масовно ја покажа својата волја дека не сака Топилница во градот“, изјави Александар Кукулев од организацијата Грин Пауер, којашто е членка на велешката зелена коалиција.

Инвеститорот Метрудхем во јавноста вети почитување на еколошките стандарди на Топилницата на највисоко ниво и одвојување на голем дел од сретствата токму за таа цел.
Протести против рестартирањето на Топилницата во Велес
Протести против рестартирањето на Топилницата во Велес

Велешани, пак, упатуваат на тоа дека технологијата „Империјал смелтинг“ се користела и претходно, но тоа за градот сепак значеше доведување во највисок можен екололошки ризик, вели Кукулев.
Предуслов за добивањето на ваква дозвола е исполнувањето на највисоките стандарди во однос на жаштита на животната средина преку имплементација на т.н. најдобри достапни техники.
Филип Иванов, Министерство за екологија.

„Импаеријал смелтинг“ е технологија којашто ниту на светско ниво нема алтернатива во однос на обработка на концентрати со повеќе метали одеднаш, вели Филип Иванов од Министерството за екологија, но и дека сепак поважно од тоа е какви сиситеми за прочистување на гасовите ќе бидат поставени на оваа технологија. Сепак, од оваа институција нагласуваат дека за рестартирање на Топилницата ќе одлучи исходот од докрај спроведената процедура. Таа треба да овозможи градежна, а потоа и интегрирана дозвола која би овозможила отпочнување со работа на објектот.

„А предуслов за добивањето на ваква дозвола е исполнувањето на највисоките стандарди во однос на заштита на животната средина преку имплементација на т.н. најдобри достапни техники кои се опишани на веб-страницата на Европската комисија, на Бирото во Севиља и се референтни документи кои што важат на ниво на целата ЕУ“, објаснува Иванов.

Што се одесува до процедурата во моментов министерството за екологија до инвестиоторот го вратил писмото за намера за инвестирање, на докомплетирање со потребните информации. Иванов вели дека учеството на јавноста ќе биде неопходно во донесувањето на конечната одлука. Ставот на велешани, како што ветува ќе биде апсолутно земен предвид.
XS
SM
MD
LG