Достапни линкови

Одлагање на процесот „Зелена коалиција" против државата


Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина
Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина

Еколошката организација „Зелената коалиција“ започна со собирање на средства за исплата на судските трошоци во спорот Општина Велес и коалицијата против Република Македонија. Првите девет илјади денари се донација од Балканското еколошко движење. Очекувањата на „Зелените“ се дека судските трошоци ќе се иплаќаат од Еколошки фонд кој ќе се формира со одлука на Советот на Општината.

За две години колку што трае судскиот спор Општина Велес и Зелената коалиција против Република Македонија, за прв пат „Зелените“ побараа одлагање на рочише. Неисплатените финансиски средства на фирмата „Геобиро“ за дополнително вештачење на почвата е причината, вели преставникот на Зелената коалиција, Весна Шкортова.

„Иако, како „Зелена коалиција“ сме заинтересирани овој процес што побрзо да заврши, сепак моравме да побаравме одложување на судското рочиште бидејки ни беше дадена одлука да ги платиме парите за вештачење.“
Иако како „Зелена коалиција“ сме заинтересирани овој процес што побрзо да заврши сепак моравме да побаравме одложување на судското рочиште бидејки ни беше дадена одлука да ги платиме парите за вештачење.

Тужителите, за решението да платат 90 илјади денари за дополнително вештачење, дознале пред две недели. Според нив, ова е првата бариера за откажување од понатамошната постапка. Очекувале дека судските такси ќе се подмируваат од буџетот на Општината, но градоначалникот Петров им го пренел ставот судските трошоци подеднакво да се делат помеѓу сите тужители. „Зелената коалиција“, незадоволна од ваквата одлука на градоначалникот ги разгледува сите можности за обезбедување на средствата. Најнапред ќе побараат Советниците да изгласаат одлука за создавање на еколошки фонд, а размислуваат и за организирање на донаторски конференции.

„Зелената коалиција ниту планира да биде паразит на Општина Велес, ниту пак да го „цица“ општинскиот буџет бескрпулозно. Зелената коалиција планира да биде рамноправен партнер во собирањето на пари за Општина Велес, преку донаторски конференции преку разно разни активности кои ќе придонесат за собирање ан средства со кои ќе се докаже вистината за загадувањето на Велес“, вели Игор Смилев од „Зелената коалиција“.
Велешката топилница

„Зелените“, помош ќе побараат од сите институции и поединци кои изразуваат јавна подршка во борбата за здрава животна средина. Охрабрувачка е пораката која ја добија од францускиот амбасадор.

„Амбасадата располага со сопствен буџет што е лимитиран во моментов како и сите буџети. Во моментов не можам да ви гарантирам во однос на некоја субвенција или помош без да се проучи конкретното досије“, вели амбасадорот Жан Клод Шлумберже.

Петнаесетте дена кои судијката има ги даде како дополнителен период на тужителите за исплата на наградата за вештачење на „Геобиро“, течат од утре. Зелените се сигурни дека средствата ќе бидат обезбедени и судскиот спор ќе продолжи во септември за кога судиката Билјана Јачева го закажа следното рочиште.
XS
SM
MD
LG