Достапни линкови

Судскиот процес Велес против државата никако да почне


Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина
Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина

Тим од адвокати експерти по еколошко право ќе го брани градот во судскиот процес Велес против Државата. Тужбата со која Велес бара надомест за штетите од долгогодишното загадување на градот, прецизирана и надополнета повторно е доставена пред велешкиот суд.

Двајца правници специјализирани за право од областа на екологијата го засилија тимот кој работи на тужбата Велес против Република Македонија. Повикувајки се на европските документи кои ги има потпишано Македонија тие ја допрецизираа тужбата, задржувајки се на правото секој човек да живее во чиста животна средина. Во Европа има четири слични судски процеси како овој во Велес, таму веќе се обештетени граѓаните, ќе докажеме дека Државата мора да ги обештети велешани, вели Тања Шојлева, магистер по меѓународно
Токму тука е новината во нашиот случај, ние досега се повикувавме само на законите од нашето законодавство, сега случајот добива нова димензија тоа е меѓународно правната рамка
еколошко право.

„Во последните неколку години во Република Македонија донесени се голем број на правни акти кои што преставуваат новина во нашето законодавство, а се однесуваат на областа животна средина и сите тие се темелат на директивите на Европската заедница. Токму тука е новината во нашиот случај, ние досега се повикувавме само на законите од нашето законодавство, сега случајот добива нова димензија тоа е меѓународно правната рамка".

Судењето кое никако да почне го следат и експертите по еколошко право од скопската невладина „Фронт". Тие неодамна предупредија дека судскиот процес што Општината го води против Државата е бавен. Според нив Македонија има европски еколошки закони, но само на хартија, во реалноста сликата е поинаква. Загадувачите како Топилницата ги кршат законите и поминуваат со симболични казни, затоа, случаите како велешкиот, најчесто завршуваат пред меѓународни судови и тоа во корист на тужителите. Но, и ова е веќе минато вели Шојлева бидејќи Македонија ги има ратификувано скоро сите значајни еколошки Конвенции.
Токму на тие меѓународни акти ние се повикуваме

„Сега веќе предметот има добиено нова димензија, Република Македонија е потписничка на голем број на Меѓународни договори и Конвенции кои пак се ратификувани од страна на Собранието на Реупублика Македонија, и токму на тие меѓународни акти ние се повикуваме."

вели Шојлева. Судскиот процес кој почна минатиот септември се смета за историски, оти за прв пат една Општина ја тужи Државата. Со тужбата Велес бара надомест за штетите од загадувањето и елиминирање на опасноста од понатамошно загадување.
XS
SM
MD
LG