Достапни линкови

Нереални очекувања за економски раст


Нереални се очекувањата на владата за економски раст од 4,5 проценти со оглед на кризата во еврозоната, велат домашните стопанственици.

Кризата во Грција и еврозоната заедно со предвидената инфлација создаваат сомнеж дека македонското стопанство може да создаде реален раст од 4.5 проценти, кој за догодина го проектира Владата, коментираат стопанствениците.
Илузија е да се очекува раст на нашата економија за 4,5 отсто или и повеќе од 4,5 отсто, како што најавуваат официјалните лица на владата, во услови кога еврозоната се уште се наоѓа во криза.
Ристо Гуштеров, стопанственик.

Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека со оглед на кризата во Еврозоната, проекциите на власта не се реални.

„Илузија е да се очекува раст на нашата економија за 4,5 отсто или и повеќе од 4,5 отсто, како што најавуваат официјалните лица на владата, во услови кога еврозоната се уште се наоѓа во криза и глобалната криза најповеќе удира на европската врата.“

Спротивно на Македонија, европските земји ги намалуваат своите очекувања за економски раст, забележува Гуштеров:


„Европската централна банка за да ја стимулира економијата на земјите членки на ЕУ ги намали каматите на Централната европска банка и тоа се јасни сигнали дека светот се уште не е излезен од таа глобална рецесија и се очекува пад на економиите следната година. Така што уште еднаш повторувам, илузии се очекувањата на нашите експери и официјални владини лица дека Македонија ќе има раст на својата економија, 4,5 отсто или повеќе од тоа.“
Значи треба да се внимава што повеќе да се стимулира внатрешното стопанство за да може полесно да ги преброди на некој начин евентуалните кризи што се многу реални.
Мендрес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Проценките на Европската банка за обнова и развој(ЕБРД) покажуваат дека Европа се подготвува за удар од потресената еврозона. ЕБОР за Македонија за догодина прогнозира раст од 2,4 проценти, двојно помалку од очекувањата на власта. Домашното предвидување е поамбициозно и од проекцијата на ММФ за раст од 3,7 проценти.

Владата треба да има план Б во случај да не се остварат оригиналните предвидувања, вели претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендрес Кучи.

„Значи во тој поглед треба да бидеме многу внимателни околу потрошувачката на средствата на буџетот, каде ќе инвестираат. Значи треба да се внимава што повеќе да се стимулира внатрешното стопанство за да може полесно да ги преброди на некој начин евентуалните кризи што се многу реални.“

Дури и ако се оствари предвидувањето за раст од 4,5 проценти, можно е тоа да не се почувствува, смета Кучи:

„Според нас доколку има предвидена инфлација од 2 до 5 отсто, а од друга страна предвидуваш и раст на стопанството од 2 до 5 отсто, значи ти си на ист волумен со различни бројки.“

Инаку, Народната банка најави сопствени проекции за економскиот раст во земјава, засега не коментирајќи ги владините предвидувања.
XS
SM
MD
LG