Достапни линкови

Името, алиби за неуспехот


Името е само покритие за недостатокот на политичка волја за суштински реформи, сметаат експертите.
Името е само покритие за недостатокот на политичка волја за суштински реформи, сметаат експертите.

Името е само алиби на власта за неуспешната реформска европска агенда, коментираат експертите и опозицијата за „офанзивата“ на Груевски кон ЕУ.

Името е само алиби за тоа што Груевски не сака да ја внесе земјата во ЕУ, коментираат од опозицијата и дел од експертите, по интервјуто на премиерот Груевски за МИА.

Груевски со неговите изјави и интервјуа сериозно ги опструира
Нашиот премиер Никола Груевски треба да и каже на јавноста, дали под негово водство ја води Македонија кон ЕУ и НАТО или има други планови за оваа држава?
Гордан Георгиев, СДСМ.

македонските аспирации за евроинтегрирање, вели потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

„Ова последно ретерирање, тоа веќе не е недипломатско, туку би рекол вулгарно, вулгарен однос кон ЕУ, покажува дека Груевски е спремен да влезе во нова офанзива, во која ќе бара разно-разни непријатели, не само Грција, овој пат и ЕУ, претпоставувам дека и опозицијата ќе биде еден од непријателите, луѓе кои го опструираат во неговите замисли. Нашиот премиер Никола Груевски треба да и каже на јавноста, дали под негово водство ја води Македонија кон ЕУ и НАТО или има други планови за оваа држава?“, изјави Георгиев.
Опозицијата бара од премиерот да каже дали ја води Македонија кон ЕУ и НАТО или има други планови
Опозицијата бара од премиерот да каже дали ја води Македонија кон ЕУ и НАТО или има други планови

Груевски си останува доследен на својата политика, но таа политика е само за домашна употреба и нема никаква вредност за исчекор на Македонија во евроинтеграциите, вели Тито Петковски од НСДП.

„Една таква политика е крајно штетна за долгорочните интереси на Македонија. Во моментот тој може да си го билда својот рејтинг, но врз основа на популистичка и националистичка политика“, вели Петковски.
Се потврдува тоа дека името е само покритие на недостатокот на политичка волја да се прават суштински реформи.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Во земјата нема дебата за суштинските прашања, кои се важни за иднината на земјата, како што се слободата на изразување и состојбата со медиумите, а покритие за сите, не би рекол недостатоци, туку злоупотреби е името, вели професор Мерсел Биљали.

„Јас мислам дека се потврдува тоа дека името е само покритие на недостатокот на политичка волја да се прават суштински реформи“, вели Биљали.

Никола Груевски чуствува дека тлото под нозете му се „тресе“, па затоа се реши со остар тон кон меѓународната заедница, да го зголеми евроскептицизмот кај народот, вели Лидија Димова од Центарот за европско образование.

„И ова е сега, тоа што тој го презема, за да може пред граѓаните, за тие што гласале за него, а не се многу упатени во европската агенда, а такви ги има многу, и се надева дека на тој дел од граѓанството тој ќе може да му се допадне“, вели Димова.

Членстовото во ЕУ и НАТО е приоритет на Владата, а премиерот знае дека името треба да се реши и дека тоа е услов за челнство. А сега ја врти работата во друга насока, зато ашто треба да го прикрие неуспехот во реформската агенда, додава Димовска.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG