Несложна опозиција е мерак за власта. Тоа се покажа уште еднаш, вчера за време на гласањето за избор на нов претседател и заменик-претседател на Комисијата за лустрација. Затоа што досегашниот претседател Томе Аџиев е предлог на власта, следниот требаше да го предложи опозицијата. Но, СДСМ и ДПА имаа различни предлози. Предлогот на ДПА, Агим Мехмети, да биде наследник на Аџиев, не помина затоа што СДСМ гласаше „против“.
Од ДПА велат дека побарале од Комисијата за избори и именување да го повлечат нивниот предлог, но на крај не можеле да ја повлечат номинацијата. Така, Мехмети не го доби потребното дво-третинско мнозинство и Аџиев останува на чело на Комисијата за верификување на факти и по 8 месеци, откако му истече шестмесечниот мандат. Предлогот предвидуваше Аџиев да му биде заменик на Мехмети.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ се тие кои му го продолжиле мандатот на Аџиев и нивното однесување остава простор за сомнеж дали навистина сакаат да се спроведе лустрацијата. Од СДСМ, пак, обвинуваат дека власта е таа што ја кочи лустрацијата и дека нема да гласаат за ниеден предложен пакет, кој го вклучува Аџиев.
Професор Осман Кадриу вели дека неизгласувањето на наследник на Аџиев е непочитување на договореното меѓу партиите. Кадриу додава дека не е во ред, молчешкум, без избор да му се продолжи мандатот на Аџиев. Тој вели дека држат критиките и од двете страни, но парламентарните групи мора да смогнат сили да направат чекор напред.
„Останува Парламентот да смогне сили за да го почитува законот и Уставот за избор на членови на оваа комисија која е доста значајна бидејќи во својата надлежност има една доста чувствителна материја, а тоа е лустрирање итн.“
Аналитичарот Јован Донев вели дека добар дел од луѓето кои се лустрираат се блиски со Социјалдемократскиот сојуз, а СДСМ инсистираше да биде наследник на делото на Сојузот на комунистите на Македонија.
„Од тие причини мислам дека СДСМ го кочи тој процес. Од друга страна, сигурно дека ги има и на други места, не може да ги лоцираме само во СДСМ, но од друга страна тие други партии се многу повеќе заинтересирани да ги октријат доколку се во нивните редови или блиску до нив, тој тип на луѓе. Јас не верувам дека тие би имале причина да можат да ги прикриваат фактите.“
За надминување на проблемот, партиите допрва ќе се усогласуваат на координации во Собранието.
Останува Парламентот да смогне сили за да го почитува законот и Уставот за избор на членови на оваа комисија која е доста значајна бидејќи во својата надлежност има една доста чувствителна материја, а тоа е лустрирање.Осман Кадриу, универзитетски професор.
Од ДПА велат дека побарале од Комисијата за избори и именување да го повлечат нивниот предлог, но на крај не можеле да ја повлечат номинацијата. Така, Мехмети не го доби потребното дво-третинско мнозинство и Аџиев останува на чело на Комисијата за верификување на факти и по 8 месеци, откако му истече шестмесечниот мандат. Предлогот предвидуваше Аџиев да му биде заменик на Мехмети.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ се тие кои му го продолжиле мандатот на Аџиев и нивното однесување остава простор за сомнеж дали навистина сакаат да се спроведе лустрацијата. Од СДСМ, пак, обвинуваат дека власта е таа што ја кочи лустрацијата и дека нема да гласаат за ниеден предложен пакет, кој го вклучува Аџиев.
Професор Осман Кадриу вели дека неизгласувањето на наследник на Аџиев е непочитување на договореното меѓу партиите. Кадриу додава дека не е во ред, молчешкум, без избор да му се продолжи мандатот на Аџиев. Тој вели дека држат критиките и од двете страни, но парламентарните групи мора да смогнат сили да направат чекор напред.
Мислам дека СДСМ го кочи тој процес. Од друга страна, сигурно дека ги има и на други места, не може да ги лоцираме само во СДСМ, но од друга страна тие други партии се многу повеќе заинтересирани да ги октријат доколку се во нивните редови или блиску до нив, тој тип на луѓе.Јован Донев, аналитичар.