Достапни линкови

Конференција за владеење на правото


Улогата на јавноста за прашања поврзани со владеење на правото - тема на конференцијата во организација на Американската амбасада.

Улогата на јавноста во најширокиот контекст на прашањата поврзани со владеењето на правото, е главен фокус на дводневна конференција во организација на Американската амбасада на која учествуваат експерти панелисти и други учесници од регионот.
Во изминативе години на Балканот се организираа многубројни конференции и семинари за различни аспекти на владеење на правото. Ние се надеваме дека денеска и утре секој од Вас, без разлика на Вашата професија, ќе ги воочите прашањата малку поинаку од претходно.

Вршителот на должност амбасадор на САД Брајан Алегер во своето обраќање ја истакна важноста на поинакво гледиште за владеењето на правото:

„Во изминативе години на Балканот се организираа многубројни конференции и семинари за различни аспекти на владеење на правото. Ние се надеваме дека денеска и утре секој од Вас, без разлика на Вашата професија, ќе ги воочите прашањата малку поинаку од претходно.“

Алегер додава дека експертите лесно се губат во техникалиите за одреден закон:

„Знам дека многумина во оваа просторија знаат со часови да дискутираат за една одредба на кривичниот закон на Вашата земја. Во тие експертски дискусии често се изоставуваат еден од најважните учесници – просечниот човек на улица на кого тој закон ќе влијае.“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ја нагласи важноста на транспарентноста.

„Фундаменталните стандарди на објавување на информации, транспарентноста, граѓанските права, одговорноста и учеството, се неизбежни ако сакаме да оствариме вистинско владеeње на правото во вистинска смисла на оваа синтагма.“

Изјавата на министерката се чини останува само теоретска заложба, имајќи предвид дека неодамна власта не успеа да покаже транспарентност. Во јавноста не се објави писмото на американскиот државен секретар Хилари Клинтон во кое наводно, меѓу другото, се изразува и загриженост за состојбите во земјава.
XS
SM
MD
LG