Џон Тошак е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација. Ова е епилогот од едномесечните преговори со десетина тренери на претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, кој изминатиов викенд договори три годишна соработка со реномираниот стратег од Велс. Станува збор за екс-фудбалер на Ливерпул и, што е позначајно,
успешен тренер на десетина врвни клубови меѓу кои и на Реал Мадрид, а во последните 6 години селектор на Велс. Сето тоа говори дека ангажиравме врвен стручњак, од што националниот тим може да има само корист, смета поранешниот репрезентативен тренер, Влатко Костов.
„Убаво е што еден таков човек доаѓа во нашиот национален тим, мислам дека ќе донесе некои новини, за мене е позитивно тоа што тој се нафаќа на крајот од овие квалификации, период во кој што тој мислам дека ќе има време да ги „сними“ сите работи и во квалификациите да влезе со чиста слика за сето она што го поседува македонската репрезентација.“
Костов не се сомнева дека Тошак ќе има максимална поддршка од македонските фудбалски работници. Покрај тоа, тој е убеден и дека новиот селектор нема да има проблем со прифаќањето на нашиот стил на игра, кој е многу поразличен од островскиот, чиј претставник е Тошак. Со него се согласува и екс-капитенот и. со 18 постигнати голови. втор стрелец во националниот дрес, Ѓорѓи Христов.
„Нема врска од каде доаѓа селекторот, тој долго време работел низ европски лиги. Секој тренер, секој селектор ја прави играта согласно она што го располага, од она што ние го имаме мислам дека Тошак нема да бега.“
Христов, сепак, не верува дека Тошак ќе стави крај на повеќегодишната репрезентативна криза, која резултира со пад на петтото место во групата за пласман на ЕП во Полска и Украина и приближување до 100-тата позиција на ранг листата на ФИФА. За такво нешто не е доволна само оптимистичката изјава на Велшанецот дека негова цел е пласман со
Македонија на СП во Бразил, вели Христов.
„Тошак не може да донесе некое волшебно стапче и да почнеме да победуваме. Дај боже така да биде, но мислам дека проблемот е многу поголем и Тошак не може ништо да промени. Мислам дека тој нема многу да не промени, туку побрзо ние ќе го смениме него во ова наше сивило.“
Според Костов, подвиг ќе биде и третото место во мундијалската група со Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.
„Ние сите ќе бидеме радосни доколку се оствари таа цел, меѓутоа јас сум човек што сака да се направи барем еден чекор повеќе од она што било претходно. Ако претходно сме завршувале најмногу на четврто место, да одиме место погоре мислам дека ќе биде успех за нас“, истакна Влатко Костов.
Убаво е што еден таков човек доаѓа во нашиот национален тим, мислам дека ќе донесе некои новини, за мене е позитивно тоа што тој се нафаќа на крајот од овие квалификации.
успешен тренер на десетина врвни клубови меѓу кои и на Реал Мадрид, а во последните 6 години селектор на Велс. Сето тоа говори дека ангажиравме врвен стручњак, од што националниот тим може да има само корист, смета поранешниот репрезентативен тренер, Влатко Костов.
„Убаво е што еден таков човек доаѓа во нашиот национален тим, мислам дека ќе донесе некои новини, за мене е позитивно тоа што тој се нафаќа на крајот од овие квалификации, период во кој што тој мислам дека ќе има време да ги „сними“ сите работи и во квалификациите да влезе со чиста слика за сето она што го поседува македонската репрезентација.“
Костов не се сомнева дека Тошак ќе има максимална поддршка од македонските фудбалски работници. Покрај тоа, тој е убеден и дека новиот селектор нема да има проблем со прифаќањето на нашиот стил на игра, кој е многу поразличен од островскиот, чиј претставник е Тошак. Со него се согласува и екс-капитенот и. со 18 постигнати голови. втор стрелец во националниот дрес, Ѓорѓи Христов.
„Нема врска од каде доаѓа селекторот, тој долго време работел низ европски лиги. Секој тренер, секој селектор ја прави играта согласно она што го располага, од она што ние го имаме мислам дека Тошак нема да бега.“
Христов, сепак, не верува дека Тошак ќе стави крај на повеќегодишната репрезентативна криза, која резултира со пад на петтото место во групата за пласман на ЕП во Полска и Украина и приближување до 100-тата позиција на ранг листата на ФИФА. За такво нешто не е доволна само оптимистичката изјава на Велшанецот дека негова цел е пласман со
Тошак не може да донесе некое волшебно стапче и да почнеме да победуваме. Дај боже така да биде, но мислам дека проблемот е многу поголем и Тошак не може ништо да промени.