Достапни линкови

Ф.К. Љуботен пред пропаст


Обид преку донаторска акција да се зачува најстариот фудбалски клуб во Македонија, „Љуботен“ од Тетово.

Најстариот фудбалски клуб во Македонија, Љуботен од Тетово, од пропаст го спасуваа музичари и жени. Тоа што клубот функционира без спонзор и е пред распаѓање, роди иницијатива, тетовчани да организираат граѓанска акција, да соберат пари од донатори и така да помогнат да не згасне фудбалскиот клуб основан во 1919 година.

Познати музички имиња настапија на донаторскиот концерт Тетово од срце за Љуботен, а парите од влезниците кои се собраа заминаа во клубската каса. Пари се собрааа и со лицитација на торта која ја подготви победничката на манифестацијата Вешта жена.

Дарко Гавровски, еден од организаторите, вели дека иницијативата нема да прекине со концертот и дека ќе се бара помош и од државата да се спаси Љуботен.

„Онака како што е заштитена Галичката свадба или како што е заштитен Вевчанскиот карневал, да биде заштитен и Ф.К. Љуботен, затоа што тој не е обичен клуб, тој е единствениот фудбалски клуб во Македонија и не е само спортско туку културно наследство на Македонија.“
Онака како што е заштитена Галичката свадба или како што е заштитен Вевчанскиот карневал, да биде заштитен и Ф.К. Љуботен затоа што тој не е обичен клуб, тој е единствениот фудбалски клуб во Македонија и не е само спортско туку културно наследство на Македонија.

И во самиот клуб се обидуваат да соберат пари. Ги повикаа љубителите на фудбалот и другите граѓани со зачленување, кое чини 600 денари, да му помогнат на клубот. Генералниот секретар Павле Симовски вели дека клубот можеше да настапува во есенската полусезона токму со помошта од членовите.

„Клубот се најде во една тешка финансиска состојба и затоа започнавме со зачленување во нашиот фудбалски клуб, со еден вид на интерна наградна игра со цел да се стимулира нашето членство. Финансиската состојба во клубот е многу тешка бидејќи останавме без ниту еден спонзор, мака мачиме да скрпиме крај со крај за елементарните трошоци.“

Фудбалерите играат од љубов кон клубот, но пари мора да се обезбедат поради тековните трошоци, како што се котизација во натпреварувањата, надоместоци за судии и делегати, велат во клубот. Фудбалскиот клуб Љуботен по осамостојувањето три години играше во првата лига. Во втората лига настапуваше само една година по што испадна во третата лига каде се уште се натпреварува.
XS
SM
MD
LG