Достапни линкови

Мак-фудбалот го достигнува дното


Ќе успее ли новиот селектор да ја врати самодовербата и да постигне поголеми успеси со репрезентацијата?
Ќе успее ли новиот селектор да ја врати самодовербата и да постигне поголеми успеси со репрезентацијата?

Само две и пол години по историското 46-то место во светот, македонската фудбалска репрезентација го бележи најголемиот пад во својата историја.

На половина од квалификациите за ЕП е предпоследна во групата, падна во петтиот шешир за наредниот Мундијал, а на листата на ФИФА се доближи до 100 - тото место. Сето ова говори дека се потребни сериозни промени, од кои првата е направена во саботата, кога федерацијата му врачи отказ на селекторот Мирсад Јонуз. Неговиот наследник ќе биде
Вистинскиот момент е сега да се направи договор за веќе понатаму екипата да биде во подготовки, да се види дали се потребни измени или се потребни нови играчи за да се направат
резултати.

познат за десетина дена, до кога челниците на мак - фудбалот ќе треба да решат дали ќе ангажираат селектор и за наредниот или само за четирите меча од актуелниот квалификациски циклус. Според многумина, меѓу кои е и екс репрезентативниот капитен Артим Шаќири, решението треба да биде на подолг рок.

„Според мое мислење тоа треба да биде договор, а не потоа да се бара повторно. Вистинскиот момент е сега да се направи договор за веќе понатаму екипата да биде во подготовки, да се види дали се потребни измени или се потребни нови играчи за да се направат резултати.“

Стадионот Арена Филип Втори во Скопје пред мечот со Шпанија на 11 август 2009 година.

Слично размислува и стрелецот на првиот репрезентативен гол, Зоран Бошковски. Тој смета дека идниот селектор треба без притисок за резултат да ја врати самодовербата кај актуелниот играчки кадар и да го освежи тимот со поамбициозни фудбалери. Само така ќе напредуваме во квалификациите за СП во Бразил, за што не ни е потребен тренер од странство.

„Мислам дека подобро решение е со стручњак од Македонија отколку со странски тренер, на кого сепак ќе му треба подлго време и со адаптација и со селектирање. Беше и Сантрач и Катанец, па и тие кои иако имаа поголема цена и рејтинг, не постигнаа некои поголеми резултати. Така што мислам дека со поорганизирана работа, односно со подобра
Мислам дека подобро решение е со стручњак од Македонија отколку со странски тренер, на кого сепак ќе му треба подлго време и со адаптација и со селектирање.

селекција мислам дека има стручњаци и тренери од Македонија што можат да ја водат репрезентацијата“, рече Бошковски.

Домашен тренер е најдоброто решение и за Шаќири, кој не крие дека е заинтересиран за селекторската фотелја. Сепак, без оглед на тоа дали тој ќе седне во неа, за доброто на репрезентацијата повикува на обединување на сите во мак - фудбалот.

„Ние сме мала земја и долго време веќе се обидуваме да се пласираме на некој од овие турнири, но не успеваме никако и мислам дека време е веќе еднаш да застанеме на здрави нозе, да работиме сите заедно, да помогнеме на репрезентацијата за да го направиме тој успех без разлика кој ќе биде селектор“, додава Артим Шаќири.
XS
SM
MD
LG