Фудбалерите на Работнички со голема предност од 2-0, утревечер на Арената Филип Втори ќе го почнат реванш дуелот против кипарскиот Анортозис, во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Пред
овој двомеч, Кипраните, кои прелани играа во групите од Лигата на шампионите, важеа за големи фаворити. Но, по победата во Ларнака пред седум дена, романтичарите се многу блиску до најголемиот успех во клупската историја, плеј - оф битка за влез во една од групите во ова натпреварување. Тоа никој не го очекуваше, но сега се наметнува како императив, за чие исполнување, според играчот за врска Благоја Тодоровски, неопходна ќе биде и поддршката од трибините.
„И ние сме изненадени после тој резултат го дадовме својот максимум, излеговме со навистина добар резулат и еве ја замолувам целата македонска фудбалска јавност да дојде на трибините да ни даде поддршка и да биде нашиот 12-ти играч. Ако се даде тој максимумот како што се одигра во Кипар сметам дека може да се оди во четвртото коло.“
Со него се согласуваат и другите играчи, кои потсетуваат на ланскиот триумф на Анортозис над хрватскиот Шибеник. И тогаш Кипраните на свој терен беа совладани со 0-2, но на реваншот победија со 3-0. Поради ова, за многумина Анортозис е фаворит и пред средбата во Скопје, што не значи дека романтичарите не веруваат во себе. Напротив, самодовербата е на високо ниво, благодарение и на максималниот ефект на евро-сцената сезонава, откако минатиот месец по два пати беа совладани и естонската Транс Нарва и Јувенес Догана од Сан Марино.
„До сега покажавме дека имаме одлична екипа и дека може да победиме секого. Да се остварат пет победи по ред во Европа тоа не е мала работа без разлика со какви противници играш, така сега се е на нас, мора да одиграме трпеливо и без нервоза и без разлика на се мислам дека ќе се пласираме во четвртото коло.“
Оптимист е стрелецот на вториот гол во Ларнака, Крсте Велкоски. Капитенот Борче Маневски, пак, вели:
„Па нашата шанса е исто како и таму, контра напад. Имаме одлични,брзи играчи кои може да дадат завршен пас“, изјави Маневски.
Излеговме со навистина добар резулат и еве ја замолувам целата македонска фудбалска јавност да дојде на трибините да ни даде поддршка и да биде нашиот 12-ти играч.
„И ние сме изненадени после тој резултат го дадовме својот максимум, излеговме со навистина добар резулат и еве ја замолувам целата македонска фудбалска јавност да дојде на трибините да ни даде поддршка и да биде нашиот 12-ти играч. Ако се даде тој максимумот како што се одигра во Кипар сметам дека може да се оди во четвртото коло.“
Со него се согласуваат и другите играчи, кои потсетуваат на ланскиот триумф на Анортозис над хрватскиот Шибеник. И тогаш Кипраните на свој терен беа совладани со 0-2, но на реваншот победија со 3-0. Поради ова, за многумина Анортозис е фаворит и пред средбата во Скопје, што не значи дека романтичарите не веруваат во себе. Напротив, самодовербата е на високо ниво, благодарение и на максималниот ефект на евро-сцената сезонава, откако минатиот месец по два пати беа совладани и естонската Транс Нарва и Јувенес Догана од Сан Марино.
До сега покажавме дека имаме одлична екипа и дека може да победиме секого. Да се остварат пет победи по ред во Европа тоа не е мала работа.