Достапни линкови

Оптимизам пред мечот против Ирска


Во сабота македонските фудбалски репрезентативци играат против репрезентацијата на Ирска
Во сабота македонските фудбалски репрезентативци играат против репрезентацијата на Ирска

Фудбалската репрезентација на Македонија в сабота, со мечот против Ирска, ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП во Полска и во Украина.

На ред е мечот со Република Ирска, на чиј терен ќе треба да ги одржиме во живот големите амбиции најавени пред почетокот на оваа кампања. Да потсетиме, до пред седум месеци сите во националниот тим говореа дека целта е второто место во групата и бараж за пласман на Еуро. Но, по половина од квалификациите, Македонија е дури петта во конкуренција со Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора, па сега како императив се наметнува победа во Даблин. Репрезентативците признаваат
Психолошки притисок има, меѓутоа имаме големи фудбалски имиња во нашата репрезентација предводени од нашиот капитен Горан Пандев и мислам дека сите размислуваме за победа. Можеби ќе изгледа нескромно, меѓутоа одиме на победа, зошто
да не.
дека тоа им создава дополнителен психолошки притисок, но и не се сомневаат дека имаат сили да одговорат на предизвикот.

„Психолошки притисок има, меѓутоа имаме големи фудбалски имиња во нашата репрезентација предводени од нашиот капитен Горан Пандев и мислам дека сите размислуваме за победа. Можеби ќе изгледа нескромно, меѓутоа одиме на победа, зошто да не“, вели играчот за врска, Славчо Георгиевски.

Трите бода се примарна цел и за Иван Тричковски, иако е свесен дека Ирците се фаворити на нивен терен.

„Нашата репрезентација има покажано дека може да игра против големи репрезентации, да освојува бодови, затоа што сепак ние имаме квалитетни играчи на сите линии, така што не мислам дека сме послаба репрезентација од нив, едноставно само треба да излеземе на теренот, да играме со срце и да освоите три бода за да може да конкурираме за првите три места.“

Според напаѓачот Тричковски, Македонија сигурно ќе постигне барем еден гол во Даблин.

Во тоа е убеден и голманот Един Нурединовски, кој е оптимист и кога е во прашање зачувувањето на нашата мрежа, затоа
Нашата репрезентација има покажано дека може да игра против големи репрезентации, да освојува бодови, затоа што сепак ние имаме квалитетни играчи на сите линии, така што не мислам дека сме послаба репрезентација
од нив.
што:

„Типот на игра што го има Ирска мислам дека нас лично ни одговара затоа што можеме и мислам дека сме компактни во одбраната и мислам дека може да одиграме сосема коректно. Ние ќе одиме на победа и да го покажеме нашиот максимум“, истакна Нурединовски.

Инаку, по 4 одиграни кола, Македонија со 4 бода е петта во втората квалификациска група. Три бода повеќе од нас имаат Словачка, Република Ирска и Ерменија, кои го делат второто место, а прва со 9 бодови е Русија. На другиот крај од табелата, без ниту еден бод е Андора.
XS
SM
MD
LG