Амбасадоре, Полска сега претседава со Европската унија, па од тука и очекуваното прво прашање: Кои ќе бидат приоритетите на полското претседателство и дополнително, што ќе биде приоритет во врска со Македонија?
Мора да потсетиме дека ова е четврто претседателство по усвојувањето на Лисабонскиот договор и е претседателството со кое се отвора второто трио. Првото трио го претставуваа Шпанија Белгија и Унгарија, а во второто трио во кое е вклучена Полска ќе бидат Данска и Кипар. Значи тоа ќе трае до крајот на 2012 година. Лисабонскиот договор поставува нова улога за земјата која претседава со Советот на Европската унија. Може да се каже дека претседателството ја спроведува работата на Советот на Европа, гради мостови, потпишува акти, свикува интерконтинентални конференции, го претставува Советот на ЕУ во соработката со други европски институции, го подржува високиот претставник на Унијата во меѓународните односи, внимава на ускладеноста со заедничките политики за надворешни работи и безбедност, ги идентификува областите на потенцијална активност на ЕУ за време на претседателството, како и можните приоритети на претседателството.
Ги споменавте приоритетите, кои се една од задачите на претседателството. Полското претседателство си постави три амбициозни приоритети. Тие се следниве: Европската интеграција како извор на раст, Бенефитите за Европа од отвореноста и Европска безбедност. Доколку сакате да одам во детали за овие приоритети, ќе би биде мило да го сторам тоа, но сметам дека најважен од приоритетите е бенефитите на Европа од отвореноста, во кој е вклучена и политиката за проширување, а тоа е круцијално прашање за Македонија.
Од 1989 година па натаму, уште пред да станеме членки на Северноатланската алијанса и Европската унија еден од стожерите на нашата надворешна политика беа политиките на отворена врата кон евроатланските организации кои ги исполнуваат критериумите и имаат желба да им се придружат на дргите земји. од тука, отвореноста на Европската унија се уште е врвен приоритет за полското претседателство. Тоа не се менува за време на нашето претседателствување. Ние сме против замор на Европската унија. Свесни сме за економската ситуација која не е најповолна, но сепак сме против замор од проширување. Сметаме дека проширувањето на Еропската унија е од корист за земјите кои влегуваат во унијата, за самата Еропска унија но и за целиот континент. На луѓето во европа им се обезбедува просперитет и безбедност.
Нашето лого исто така е води потекло од логото на „Солидарност“, затоа што беше дизајнирано од истиот човек кој го создаде логото на „Солидарност“. Тоа симболизира развој, иновација, раст, креативност, натпревар и оптимизам.
Ние сме единствената земја меѓу членките на Европската унија која имаше позитивен раст на Бруто домашниот производ за време на кризата. Ние би сакале да го споделиме нашето искуство со Македонија. Низ историјата докажавме дека сме посветени пријатели на оваа земја, по Втората светска војна, за време и по земјотресот во Скопје и во многу други наврати. Пријател е некој кој нема се да намправи наместо вас, но ќе дава совет. Советот пнекогаш може да биде неразбирлив на прво слушање, но на крај на процесот станува збор за пријателски совет. Ние сме подготвени да споделуваме совети со Македонија. Имаше политички иницијативи кои се случуваа кои подоцна ќе ги споменам.
Многумина би рекле дека спорот со името е единствената пречка во македонските евроатлански интеграции. Дали го имате истиот впечаток?
Прашањето за името е многу чувствително прашање. јас вака го гледам: трае повеќе години, а чувствително е бидејки допира до срцето. Навраќајки се на извештаите за напредок на Европската комисија, вклучувајки го и последниот, се споменува дека по решавањето на спорот со името преговорите ќе почнат. Треба да се сеќаваме и на самитот на Северноатланската алијанса во Букурешт и исходот од тој самит. Беше кажано дека откако ќе се реши прашањето за името, одлуката за примање на Македонија како членка (во алијансата) ќе се превземе на ниво на амбасадори. Тоа е брза можност за која не е потребен нов самит на НАТО. Имате два аспекти на евроатланските интеграции и двата се строго врзани со прашањето за името. Како и да е, се надевам дека македонското општество не очекува од меѓународната заедница да го реши прашањето за Скопје или за Атина. Ова прашање се разгледува под закрила на Обединетите нации и двете страни треба да го решат. Нашиот став е дека Полска ќе прифати било какво решение кое ќе се постигне под закрилата на Обединетите нации и би биле многу среќни ако се постигне решение што е можно побргу. Како и да е, за во меѓувреме, имаме една изрека во Полска - ако вратите се затворени влезете преку прозорец. Мислам дека некои работи не треба да бидат во заложништво на спорот со името. Постојат одредени реформи кои треба да се спроведат во земјава без оглед на тоа дали сакате да бидете земја членка на Европската унија и НАТО. Македонија е дел од европскиот континент. Од тука има и обврски за земјата, посебно во 21 век. Сметам дека реформите во областа на судството, јавната администрација, имплементацијата на законите и политичкиот дијалог треба да се продолжат и треба да се имплементираат. Го делам мислењето на вашиот претседател, претседателот Иванов, дека македонија е пример за земја во која има интеграција а не асимилација. Се надевам и дека ќе биде земја која ќе даде пример за усвојување на закони со нивна имплементација.
Изборите се одвиваа добро, судејки по проценките на меѓународните институции меѓу кои и ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, не изостанаа и забелешки, посебно за наводно влијание на политичките партии во институции на власта. Дали овие забелешки би можеле да претставуваат проблем?
Морам да дадам пофалба за македонското општество за одржување на позитивни избори. Имаше мали недостатоци но верувајте ми тоа се мали недостатоци. Морам исто така да ја споменам и големата излезност. Ова е пример дека ако народот во Македонија сака да направи нешто во согласност со европските стандарди, тоа и го може. Ако има воља има и начин. Тоа е порака од ова општество до меѓународната заедница дека се може. Дека може да се одржат демократски избори. Затоа се надевам дека овој процес ќе продолжи и на други полиња и дека општеството уште еднаш ќе ја покаже својата моќ и дека ќе ја придвижи земјата напред, заедно со претставниците на пратиите кои беа избрани да ја водат земјата кон остварување на главните стратешки цели.
Секако би било неблагодарно да се шпекулира за содржината на следниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, но дали инцидентот по изборите, кога загина 23 годишно момче, би мкожел да влијае на проценките за напредокот или на тоа може да се гледа како на изолиран инцидент?
Ова беше многу несреќен инцидент. Мислам дека треба да им дозволиме на институциите да си ја завршат работата, за да се види исходот од ситуацијата и што ќе кажат обвинителите и како ќе се справува со оваа работа. Ова ќе биде и тест за реформите во судскиот систем и во јавната администрација. Изразувам длабоко сочувство до семејството на починатиот и истовремено изразувам почит за младата генерација кои мирно се собраа на улиците, без разлика на нивната етничка припадност, за една идеа, за јасноста на одредени правила во одредени јавни институции.
Меѓународните организации изразуваат загриженост за медиумите во Македонија. Како гледате на ова?
Целосно се согласувам со гледиштетот кое го презентираше канцеларијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, имајки предвид дека на секое општество му е потребен плурализам. медиумите го обезбедуваат плурализмор кој е корисен за власта, за опозицијата и за општеството, за да се има можност да се видат различни гледишта на работите, по што од различните гледишта може да се изгради сопствен поглед. Да се има монополизиран поглед на било кое прашање не е добра опција. Потребно е да се направи еден вид на рзграничување помеѓу борбата со корупцијата, затајување данок и слобода на медиумите.
Амбасадоре, дали би можеле да ни дадете краток преглед на активностите на амбасадата. Како што разбрав, вие сте многу активни во полето на културата...
Тоа е точно, но и политички, од аспект на политика / нашите односи и македонските евроатлански аспирации...Со македонија прв пат почнавме да го споделуваме искуството кое го стекнавме во една деценија со холандските партнери. Се вика „Утрех” конференција. Тоа е мрежа на контакти Со Македонија го почнавме ова лани есента и се вика Конференција Скопје. Тоа е мрежа на контакти која продолжува и откако земјата ќе влезе во Европската унија што ние сме виделе дека е уште поважно затоа што особено во првиот месец во Брисел, потребно е некој да ве води низ лавиринтот од ходници на институциите на Европската унија. Тоа е една работа. Другата работа е ... за време на нашето претседателство, еден од неколкуте состаноци, покрај оние кои ќе се одржат во Полска, Брисел, Луксембург, ќе биде состанок на министри за правда и внатрешни работи кој кон почетокот на Октомври ќе се одржи тука во Македонија во Охрид. За скептиците кои ја разгледале програмата на полското претседателство и резимирале дека источното партнерство било споменато толку и толку пати додека западен балкан бил споменат толку и толку пати, ова е уште еден доказ дека за Полска, членството на Македонија во Европската унија не е прашање дали, туку прашање кога. За нас, од наша стратешка перспектива, што поскоро тоа подобро. Што поскоро ја прошириме областа на безбедност и просперитет во континентот, толку подобро не само за замјите кандидати како Македонија, туку подобро и за Полска и другите земји членки. Се надеваме дека за време на нашето претседателство ќе успееме да го потпишеме договорот за пристап со Хрватска. Ова ќе биде уште еден силен сигнал за земјите од Западен балкан дека процесот на проширување ќе продолжи. Претседателот на Европскиот парламент, каде мојот премиер се наоѓа денеска и разговара за приоритетите / тој е со нашиот поранешен премиер, господинот Бусек...тој еднаш рече дека Европската унија е како возење точак. Ако престанете да вртите со педалите, ќе паднете. Ги споменавте и активностите во областа на културата. Вистина е дека се обидуваме да имаме балас меѓу политичките и културните активности. Минатата година имавме повеќе од 30 настани кои беа посветени на одбележувањето на раѓањето на полскиот композитор Фредерик Шопен. Еден од парковите во Скопје беше именуван по овој композитор. Годинава ја славиме годината на Марија Кири Склодовска. Таа е добитник на две нобелови награди. Успеавме да обезбедиме грант за средно училиште во Скопје кое е именувано по Марија Кири Склодовска. Исто така ја славиме годината на полскипт поет нобеловец Милош. Организаијата на полското малцинство овдека во Македонија ја презентираше неговата поезија. Исто така со Македонската пошта промовиравме упте една поштенска марка. Ова ер трета поштенска марка која ја издаваме.Првата беше посветена на „Солидарност” и претседателот Валенса, лани беше со ликот на Фредерик Шопен а годинава со поштенсклата марка се слави полското претседателство со Европската унија. Значи тоа се активностите кои се одвиваат. На првиот ден од превземањетом на претседателството отворивме изложба на постери во Мала Станица. Изложбата ќе биде отворена до почетокот на август. Почнува со постер за избори од 1989 година а завршува со логото на полското претседателство. Би сакал да додадам упте една работа. Споделувањето на искуството со земја кандидат во ЕУ и НАТО е наша филозофија - давање на трска а не риба за земјата. Пријател не прави се за вас. пријател ви дава совет, кој е вистинит и од срце.