„Темелите на Европа се загрозени и затоа е потребно силно лидерство“, оценува полскиот премиер Доналд Туск, најавувајќи дека полското претседателство ќе ја врати довербата во институциите на Европската унија.
Најголемата од новите членки на Унијата во последните години мина низ трансформација од досадна членка која секогаш е подготвена на кавга со водечката Германија, во прагматичен тимски играч подготвен да ги преземе своите одговорности, вели Пјотр Качински, политички аналитичар во Центарот за европска политика во Брисел.
„Имаше период на маргинализација на Полска во Европската унија. Министрите, од време на време, се обидуваа да стават вето за работи за кои тоа воопшто не е предвидено. Тие загубија многу битки, како онаа за дефиниција на водката. Таа политика беше неуспешна.“
Така беше за време на владеењето на конзервативците предводени од близнаците Лех и Јарослав Качински.
Но, откако на власт дојдоа либералите на сегашниот премиер Доналд Туск, Варшава ги подобри односите со Германија, но и со Русија, двете земји за кои во Полска постои огромен анимозитет поради постојаното окупирање и делење на полската територија меѓу овие две земји.
„Ние сфативме и практично ја спроведуваме старата изрека дека со Германија можеш да направиш многу, но против неа ништо. Сега за секоја политика се консултираме со неа“, вели Бартек Новак од Центарот за меѓународни односи во Варшава.
Тој додава дека и полското ресетирање на врските со Русија ги има истите прагматични причини.
„Откривме дека не сме многу ефикасни ако во Унијата гледаме како на војник од Студената војна против Русија, бидејќи на многу членки на Унијата односите со Русија им се многу важни.“
Во меѓувреме, полскиот став спрема Европската унија стануваше се попозитивен. Според последните анкети, дури 83 отсто од Полјаците сметаат дека земјата добила многу со влегувањето во Унијата.
Шестмесечното претседателство, според најавите од Варшава, Полска ќе го искористи и за туркање на нејзината традиционална агенда, интегрирање на земјите од Западен Балкан, како и на Украина и Грузија во Европската унија.
„Секако тие сакаат истокот да го стават повисоко на дневниот ред, но стравуваат дека тоа би можело да биде нарушено со други настани“, наведува Качински.
Тој прецизира дека сегашните економски кризи во Грција, Ирска и Португалија ќе бараат поголемо внимание од Европската унија, а со тоа и на полското претседателство.
Ние сфативме и практично ја спроведуваме старата изрека дека со Германија можеш да направиш многу, но против неа ништо. Сега за секоја политика се консултираме
со неа.
Најголемата од новите членки на Унијата во последните години мина низ трансформација од досадна членка која секогаш е подготвена на кавга со водечката Германија, во прагматичен тимски играч подготвен да ги преземе своите одговорности, вели Пјотр Качински, политички аналитичар во Центарот за европска политика во Брисел.
„Имаше период на маргинализација на Полска во Европската унија. Министрите, од време на време, се обидуваа да стават вето за работи за кои тоа воопшто не е предвидено. Тие загубија многу битки, како онаа за дефиниција на водката. Таа политика беше неуспешна.“
Така беше за време на владеењето на конзервативците предводени од близнаците Лех и Јарослав Качински.
Но, откако на власт дојдоа либералите на сегашниот премиер Доналд Туск, Варшава ги подобри односите со Германија, но и со Русија, двете земји за кои во Полска постои огромен анимозитет поради постојаното окупирање и делење на полската територија меѓу овие две земји.
Полскиот претседател Бронислав Коморовски ја осветли претседателската палата со боите на Полска и на ЕУ да го означи почетокот на полското преетседавање со Унијата.
„Ние сфативме и практично ја спроведуваме старата изрека дека со Германија можеш да направиш многу, но против неа ништо. Сега за секоја политика се консултираме со неа“, вели Бартек Новак од Центарот за меѓународни односи во Варшава.
Тој додава дека и полското ресетирање на врските со Русија ги има истите прагматични причини.
Откривме дека не сме многу ефикасни ако во Унијата гледаме како на војник од Студената војна против Русија, бидејќи на многу членки на Унијата односите со Русија им се многу важни.