Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на Собирот на лидерите од Централна и Југоисточна Европа во Варшава кој го организира Полска на 27-ми и 28-ми мај, потврдија од неговиот кабинет. На самиот чин, домаќин е полскиот претседател Бронислав Коморовски. Претседателите на посткомунистичките земји ќе се сретнат и со американскиот претседател Барак Обама, кој ќе биде почесен гостин. Сите учесници
предвидено е да имаат обраќање на тема за трансформациите на нивните држави кон демократија. Претседателите ќе имаат обраќања со модерација на полскиот претседател Бронислав Коморовски, а потоа е предвидена и дискусија во која модератот ќе биде Обама на тема „Револуциите од Блискиот исток и северна Африка и нивната
импликација во Европа.“
На овој Собир поканета е и претседателката на Косово Атифете Јахјага, зошто Полска е меѓу оние седумдесете држави кои го признале Косово. Поради ова претседателот на Србија БорисТадиќ одлучи да не учествува на Самиот.
Од кабинетот на претседателот Иванов велат дека во рамки на Собирот во Варшава предвидено е тој да има средба со германскиот претседател Кристијан Волф, а најверојатно ќе има средба и со претседателката на Косово, Јахјага.
Експертите нагласуваат дека собирот во Варшава е многу значаен зошто го органзира Полска која ќе биде следната земја која ќе претседава со ЕУ:
„Земјите од Југоисточна Европа се повеќе добиваат на тежина, има една тенденција да од тоа се создаде значаен блок, претпоставувам дека во таа насока е и овој собир. Има разлика помеѓу таа да кажеме Стара Европа и Нова Европа, која перспективно сака да биде дел од таа Европа, а некои земји и се веќе дел од таа Европа“, изјави Ризван Сулејмани.
Тој вели дека присуството на Обама на Самиот зборува за интересот на САД за регионот:
„Дека на овој дел сеуште треба да се работи, дека е стабилен, а многу значаен, сакаат да им укажат дека овие земји сепак треба да создадат, така да кажам свој еснаф, затоа што значајноста на овие земји треба да добијат на тежина.“
Инаку ова е редовен самит кој се одржува еднаш годишно на лидери на централно и источно европски држави. Годинава е 17-ти пат по ред. Македонија беше домаќин во 2008 година.
Земјите од Југоисточна Европа се повеќе добиваат на тежина, има една тенденција да од тоа се создаде значаен блок, претпоставувам дека во таа насока е и
овој собир.
импликација во Европа.“
На овој Собир поканета е и претседателката на Косово Атифете Јахјага, зошто Полска е меѓу оние седумдесете држави кои го признале Косово. Поради ова претседателот на Србија БорисТадиќ одлучи да не учествува на Самиот.
Од кабинетот на претседателот Иванов велат дека во рамки на Собирот во Варшава предвидено е тој да има средба со германскиот претседател Кристијан Волф, а најверојатно ќе има средба и со претседателката на Косово, Јахјага.
Експертите нагласуваат дека собирот во Варшава е многу значаен зошто го органзира Полска која ќе биде следната земја која ќе претседава со ЕУ:
Сакаат да им укажат дека овие земји сепак треба да создадат, така да кажам свој еснаф, затоа што значајноста на овие земји треба да добијат на тежина