Производството е ограничено само на неколку култури, претежно житни, зашто за останатите нема фабрики за откуп. Дури и за оние за кои има пласман се откупуваат за ниски цени, а исплатата доцни со месеци.
„Додека работеше фабриката за откуп на домати во Росоман, земјоделците произведоа големи количини, сите отидоа така. Се испотрошија, а ништо не добија. Му ги дадоа доматите за без пари. Прво почнаа да плаќаат, потоа со полни шлепери си заминаа. Се продаде и Шеќераната, стратешка фабрика, рекордери беа на репа, вадеа производство.
Сончогледот како култура се прекрати да се одгледува, исто и крупнолисниот тутун што го произведувавме, сега сушарите не се користат, лежат, малсената репка и таа пропадна. Фактички нема што да се произведува и што да се работи. Фабрики нема, земјоделието стагнира.“, вели Ицо Колтовски, претставник на земјоделците од село Могила.
Во недостиг на фабрички капацитети и организиран откуп, земјоделците станаа мета на диви откупувачи, кои не ретко им го земаат, а не им го доплатуваат родот.
„Ќе ветат од фурки, вретена и се живо, првите тури ги плаќаат, вторите ги нема, третиот пат Бугарија завршуваат. Сакаш или не сакаш бербата на крај мора да им ја дадеш зашто нема фабрики тука да ја откупат, кога ќе ги чекаш парите ќе ти продава тарана, вештачки ѓубрива, билки, ќе ги плаќаш поскапо, ќе го затворат кругот во роба и на крај ништо. Ги има од секаде и од Скопје и од тука, без регистрирани откупни центри. Едниот работел во Скопје за словенечка фирма, скопјанецот за прилепска,
прилепчанецот за могилска“, објаснува Колтовски.
Земјоделците бараат државата да поводи сметка откупените производи барем фабриките кои постојат во државата да ги исплаќаат редовно.
„Државата треба да го подобри платниот промет меѓу фабриките и производителите, а не дај му ја робата и чекај пари со месеци, развој нема. Да не се прават опашки во плаќањето. Јас од тебе зедов роба и да ти ја платам, а не како сега зедов билки од некоја фирма и се договоривме на 15 или 20 да им ја плашам. Не можам да исплатам редовно зашто и јас не сум зел од производството. Другиот кај третиот и се прави една опашка, ланец невиден“, додава Колтовски.

Додека работеше фабриката за откуп на домати во Росоман, земјоделците произведоа големи количини, сите отидоа така. Се испотрошија, а ништо не добија. Му ги дадоа доматите за без пари.
Сончогледот како култура се прекрати да се одгледува, исто и крупнолисниот тутун што го произведувавме, сега сушарите не се користат, лежат, малсената репка и таа пропадна. Фактички нема што да се произведува и што да се работи. Фабрики нема, земјоделието стагнира.“, вели Ицо Колтовски, претставник на земјоделците од село Могила.
Во недостиг на фабрички капацитети и организиран откуп, земјоделците станаа мета на диви откупувачи, кои не ретко им го земаат, а не им го доплатуваат родот.
„Ќе ветат од фурки, вретена и се живо, првите тури ги плаќаат, вторите ги нема, третиот пат Бугарија завршуваат. Сакаш или не сакаш бербата на крај мора да им ја дадеш зашто нема фабрики тука да ја откупат, кога ќе ги чекаш парите ќе ти продава тарана, вештачки ѓубрива, билки, ќе ги плаќаш поскапо, ќе го затворат кругот во роба и на крај ништо. Ги има од секаде и од Скопје и од тука, без регистрирани откупни центри. Едниот работел во Скопје за словенечка фирма, скопјанецот за прилепска,
Ќе ветат од фурки, вретена и се живо, првите тури ги плаќаат, вторите ги нема, третиот пат Бугарија завршуваат