Достапни линкови

Шеќерна репка во Пелагонија


Три години по згаснувањето на производството на шеќерна репка во Македонија, власта отпочна разговори со битолска Шеќерана за враќање на оваа земјоделска култура на нивите.

Ваквиот пресврт ги изненади земјоделците кои со години се жалеа дека власта немаше слух за нивните проблеми со ниските откупни цени кои им ги наметуваше Шеќераната, иако државата е сопственик на 47 проценти од капиталот на фабриката. Последната откупна цена на репката од три денари за килограм беше пресудна да згасне одгледувањето на оваа култура. Земјоделците се скептични дека
Па не може кога шеќер има за 30-40 денари, репа од 3 денари да го покрие тоа производство.
слаткиот корен ќе се врати на нивите, ако не се подигне откупната цена.

„Што и да се преземe мислам дека нема услови. Не дава државата и преработувачите репка да се произведe, бидејќи репаката е тешко нешто да се произведи. Бара многу наводнување, бара јака површина и оваа цена од 3 денари е неисплатлива. Бара многу работна сила и никој земјоделец не би се нафатил да земe работници и да ги плати и производството да му се исплати“, вели Тоде Лазаревски, земјоделец од село Ивањевци.
Бара многу наводнување, бара јака површина и оваа цена од 3 денари е неисплатлива. Бара многу работна сила и никој земјоделец не би се нафатил да земe работници и да ги плати и производството да му се исплати.


Земјоделците критикуваат дека наместо да се произведува домашен шеќер, во изминатите години најлесно било да се увезе евтина суровина и социјалата да јаде евтин шеќер.

Илустрација: Одгледувачи на шеќерна репа

„Па не може, кога шеќер има за 30-40 денари, репа од 3 денари да го покрие тоа производство. Не е исплатливо. Да е шеќерот 80 денари би можело“, вели Лазаревски.

Освен ниските откупни цени, земјоделците бараат да се отстранат и строгите критериуми, родот да не биде поголем од два килограми.

„Тоа е како кокошките јајца да несат, па калибратор да ги калибрира. Не може тоа со репата таа се прави на нива и големината зависи од природата“, велат земјоделците.

Од Министерството за земјоделство велат дека врз цената не може да влијаат зашто е пазарна категорија, но од идната година ќе дадат субвенции за репката. Ако се постигне некаков договор, репката би можела да се сее уште оваа есен. Во Пелагонија, со сладок корен, порано се оборуваа рекорди на Балканот, а денес го одгледуваат само одделни фармери за потребите на стоката.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG