Достапни линкови

Коалициски односи топло - ладно


Предизборната кампања започна и за владините коалициони партнери, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ?
Предизборната кампања започна и за владините коалициони партнери, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ?

Политички маркетинг пред избори. Вака експертите ги оценуваат односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, последниве денови.

Топло-ладно за предизборни поени. Вака аналитичарите со кои разговаравме ги оценуваат односите меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во изминативе неколку дена.

Откако пратениците на владејачката ДУИ два дена ја бојкотираа работата на Парламентот, по синоќешниот состанок на Централното претседателство на партијата, лидерот Али Ахмети рече дека ДУИ не излегува од Владата и оти односите со ВМРО-ДПМНЕ се конструктивни. Тој рече дека партијата не го бојкотира Парламентот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа новиот гувернер без присуство на пратениците од ДУИ. Искричења на релација ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ се појавија и за третманот на косовските пациенти во македонските болници.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Професор Лазар Лазаров вели дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ до сега имаа добра соработка. Основен мотив за овие искричења меѓу коалициските парнери во власта е зголемување на рејтингот на ДУИ во пресрет на изборите, вели Лазаров и нагласува дека предизборната кампања е веќепочната и покрај тоа што нема распишано избори.

„Основниот проблем е што повеќе во рамките на предизборната кампања да собират поени, за малку да им се покачи рејтингот пред останатите
Да собират поени, за малку да им се покачи рејтингот пред останатите албански партии како Нова демократија, ДПА и партијата на Руфи Османи.
албански партии како Нова демократија, ДПА и партијата на Руфи Османи, која сега треба да се регистрира. Значи според мене тоа е основниот мотив за излегување, а оние некакви оценки што се даваат за вмешаност на СДСМ и Бранко Црвенковски мислам дека немаат основа.“

Премиерот Никола Груевски

Аналитичарот Љуљзим Хазири, пак, вели дека, од една страна се работи за политички маркетинг, но од друга и дека ваквите ситуации се слика накревката владејачка коалиција.

„Последните политички игри на коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, колку се транспарентни во насока на подигнување на рејтингот на партиите за парламентарните
Последните политички игри на коалиционите партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ колку се транспарентни во насока на подигнување на рејтингот на партиите за парламентарните избори, во смисла еве ДУИ покажува заби, а ВМРО ДПМНЕ решителност да истрае и да донесува одлуки и без ДУИ, толку се и непринципиелни.
избори, во смисла еве ДУИ покажува заби, а ВМРО-ДПМНЕ решителност да истрае и да донесува одлуки и без ДУИ, толку се и непринципиелни, имајќи предвид дека албанскиот партнер беше оставен без поддршка и во дилема без разврска или со единствено решение да продолжи да биде дел од владината коалиција. Токму ваквите ситуации многу добро ги отсликуваат кревките коалиции, а нам ни ја отсликува арогантната политика на ВМРО ДПМНЕ.“

Поради бојкотот од опозицијата, но и поради неприсуството на пратениците од ДУИ на собраниската седница во средата немаше двотретинско мнозинство за да може да се изгласа претседател на ДИК. Гласањето беше презакажано за денеска, но утринава седницата е повторно одложена.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG