Достапни линкови

Ништо од лидерската средба


Груевски-Црвенковски и Ахмети попладнево на иста маса
Груевски-Црвенковски и Ахмети попладнево на иста маса

Црвенковски одби средба на тројца лидери. Тоа е, според него, покритие за средба меѓу Груевски и Ахмети

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски попладнево на прес-конференција во партиското седиште соопшти дека нема да учествува на вечерашната лидерска средба што ја свика претседателот Ѓорге Иванов.

„Нема да учествувам од две причини бидејќи не гледам зошто би одел на средба во состав кој не гарантира минимум неопходен консензус за утврдување на фер правила на игра за претстојните парламентарни избори. И второ, уште помалку имам намера да бидам покритие за средба меѓу Груевски и Ахмети на која тие ќе ги надминуваат своите коалициски меѓупартиски недоразбирања и пазарења“,

образложи Црвенковски.
Од кабинетот на претседателот Иванов, како што посочи, не добиле објаснување врз кои критериуми на средбата биле поканети само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

„Го повикам претседателот Иванов да свика вистинска логична лидерска средба. Таа е потребна и неопходна. Тоа не е прашање на волја на претседателот. Во вакви политички околности тоа е и негова обврска. И однапред кажувам дека во тој случај со задоволство на таквата средба ќе присуствувам“,

рече Црвенковски.
Според него, средбата во формат што ја закажа претседателот Ѓорге Иванов „нема логика ниту на релација власт - опозиција, ниту по етничка припадност“. Во изминатите години се одржаа бројни лидерски средби, некогаш тоа било во формат 2+2, 3+3 и сите парламентарни партии, меѓутоа никогаш во ваков состав, додаде Црвенковски.

Сега што?

Претседателот Ѓорге Иванов претходно за доцна попладне закажа средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети, во обид да се надминат отворените политички прашања во врска со предвремените парламентарни избори, бојкотот на Собранието и обновување на дијалогот власт-опозиција. Средбата на партиските челници со шефот на државата требаше да се одржи во претседателската вила „Водно“

Средбата, како што соопшти кабинетот на Претседателот, е со цел да се надминат отворените политички прашања околу предвремените парламентарни избори, бојкотот на Собранието и обновување на дијалогот меѓу власта и опозицијата.

Реакции за идејата на Иванов

Владо Бучковски од СДСМ вели дека на средбата во тој формат единствено Ахмети би можел да помогне во нивното барање околу загарантираните
Се виде дека Груевски манипулира со серијата на бирфинзи и прес конференции дека наводно прифатил 50-60 барања, а заборава дека СДСМ има само четири барања веќе повеќе од два месеци.
квоти за помалите етнички заедници.

„Инаку не гледам што би можел Ахмети да придонесе да биде подобра атмосферата отколку што беше пред три дена, уште повеќе што се виде дека Груевски манипулира со серијата на бирфинзи и прес конференции дека наводно прифатил 50-60 барања, а заборава дека СДСМ има само четири барања веќе повеќе од два месеци.“

Лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов на 7 февруари 2011 година

Рафиз Алити од ДУИ вели дека е време опозицијата и власта да бидат поконструктивни и да се најде консензус за спорните прашања во врска со предвремените избори, за нивно што побрзо одржување, бидејќи тоа е во интерес на сите политички субјекти, но и на државата. Според Алити, ДУИ очекува на лидерската средба да биде постигнат напредок.
Верувам дека од оваа средба секако дека ќе се приближат тие ставови за решавање на спорните прашања и верувам дека ќе се најде компромис за да не ги држиме граѓаните во неизвесност дали ќе има или ќе нема предвремени
избори.

„Верувам дека од оваа средба секако дека ќе се приближат тие ставови за решавање на спорните прашања и верувам дека ќе се најде компромис за да не ги држиме граѓаните во неизвесност дали ќе има или ќе нема предвремени избори, значи мислам дека ќе се најде компромис и ќе се оди на предвремени избори.“

Флора Кадриу од Нова Демократија вели дека тоа што партијата не е повикана на денешната средба покажува дека се минимизираат ставовите и барањата на другите политички субјекти.

„Потребно е албанската опоизиција, особено Нова демократија како конструктивен субјект, да биде присутен на ваквите средби за да ги искаже сите оние сомнежи, сугестии и предлози за да навистина имаме фер и демократски избори.“

Во понеделникот Груевски оствари средба со Црвенковски, но двајцата лидери не успеаја да постигнат договор. Тогаш Црвенковски повика дека е потребно одржување на лидерска средба во поширок состав.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG