Ниту власта ниту опозицијата се заинтересирани да се надмине политичката криза, која од ден на ден се повеќе се продлабочува. Дел од домашните експерти анализираат дека излез од ваквата ситуација нема да бидат изборите, кои сепак ќе се одржат, со или без опозицијата.
„Новите избори ќе бидат продлабочување на кризата, без разлика дали опозицијата ќе бојкотира или не, однапред се знае дека партијата што ќе ги загуби, нема да ги признае тие избори“, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.
Македонскиот политички блок треба да сфати дека албанските партии не се само инструмент во политичкиот систем и на нив не треба да се гледа како на послушници, вели Демири.
Однесувањето на ДУИ, пак, чија пратеничка група вчера го напушти Собранието, го гледа како обид да се поправи моменталниот рејтинг.
Амбициозноста на премиерот да ја задржи власта, тромата олигархија и неподготвеноста на албанскиот политички блок да ги идентификуваат главните проблеми на Албанците во земјава се главните причини кои не доведоа до оваа состојба, објаснува аналитичарот Ризван Сулејмани.
„Албанските политички партии ги изгубија големите идеи, во смисла да се прилагодат на новонастанатите ситуации. Големите проекти завршија и сега е појасно дека перспективата мора да се бара во Република Македонија.“
Изборите, вели Сулејмани, може да бидат само преодна фаза во надминување на внатрешно-политичките проблеми.
Спротивно на ова тврдење, Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања, пак, смета дека единствено решение од кризата се предвремените избори.
„Сите процеси, оние социо-економски се закочени, во последниве три месеци сите зборуваат исклучиво за избори. Каде е економијата, каде е социјалниот раст?“
Последната средба Груевски-Црвенковски како обид да се надминат недоразбирањата заврши без конкретен епилог, но она што се наметна е потребата од нова лидерска средба. Токму ваквиот тип на владеење во Македонија претставува парадокс во политиката, вели професор Гордана Силјановска.
„Знаеме ние сите дека кога тие луѓе шетаат по улиците и држат прес-конференции, дека се платени. За што? - ве прашувам јас. Значи да се вратат назад во парламентарните простории, а не по претседателските канцеларии и таму да решаваат, зошто ние сакаме, јавноста сака да види кој што прашува, кој со што условува“, заклучува Силјановска.
Она во што сите соговорници се сложуваат е дека доколку ваквата криза продолжи, последиците директно ќе ги почувствуваат граѓаните.
Новите избори ќе бидат продлабочување на кризата, без разлика дали опозицијата ќе бојкотира или не, однапред се знае дека партијата што ќе ги загуби, нема да ги признае тие
избори.
„Новите избори ќе бидат продлабочување на кризата, без разлика дали опозицијата ќе бојкотира или не, однапред се знае дека партијата што ќе ги загуби, нема да ги признае тие избори“, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.
Македонскиот политички блок треба да сфати дека албанските партии не се само инструмент во политичкиот систем и на нив не треба да се гледа како на послушници, вели Демири.
Однесувањето на ДУИ, пак, чија пратеничка група вчера го напушти Собранието, го гледа како обид да се поправи моменталниот рејтинг.
Амбициозноста на премиерот да ја задржи власта, тромата олигархија и неподготвеноста на албанскиот политички блок да ги идентификуваат главните проблеми на Албанците во земјава се главните причини кои не доведоа до оваа состојба, објаснува аналитичарот Ризван Сулејмани.
„Албанските политички партии ги изгубија големите идеи, во смисла да се прилагодат на новонастанатите ситуации. Големите проекти завршија и сега е појасно дека перспективата мора да се бара во Република Македонија.“
Изборите, вели Сулејмани, може да бидат само преодна фаза во надминување на внатрешно-
Сите процеси, оние социо-економски се закочени, во последниве три месеци сите зборуваат исклучиво за избори. Каде е економијата, каде е социјалниот раст?