Достапни линкови

Јавна расправа за „Бошков Мост“


Ќе влијае ли изградбата на ХЕ ,,Бошков мост" врз животната средина
Ќе влијае ли изградбата на ХЕ ,,Бошков мост" врз животната средина

Во општина Дебар започна јавната расправа за изградба на хидроелектраната „Бошков Мост“, со која се предвидува целосно енергетско искористување на хидропотенцијалот во Мала Река.

Проектот ХЕ „Бошков Мост“ е опфатен со националната стратегија за развој на енергетиката во нашава земја и треба да профункционира по четири години. Инаку инсталираната моќност на оваа електрана изнесува 62,2 мегавати. Според проектот, ако се оди според планираната динамика, работите за изградба се очекува да стартуваат кон крајот на оваа година или најдоцна на почетокот на наредната година, вели раководителот на проектот
Од изградбата на оваа хидроелектрана има и диретни придобивки, од кои најголема е инвестицијата од 80 милиони евра. Тоа е проект со кој треба да се влијае во спречувањето на миграцијата на населението од овој крај. Се на се проектот е домашна инвестиција, бидејќи го финансира Република Македонија, која потоа ќе го враќа кредитот.
„Бошков Мост“ при АД Електрани на Македонија, Иван Трпевски:

„Од изградбата на оваа хидроелектрана има и директни придобивки, од кои најголема е инвестицијата од 80 милиони евра. Тоа е проект со кој треба да се влијае во спречувањето на миграцијата на населението од овој крај. Се на се, проектот е домашна инвестиција, бидејќи го финансира Република Македонија, која потоа ќе го враќа кредитот. Инаку, бенефитите за Македонија се уште поголеми, затоа што се спречува увоз на скапа струја од некои балкански земји и добива нов погон со неограничен капацитет од над 50 години.“

Според Трпевски, изградбата на електраната нема да му наштети ниту на регионалниот водовод Росоки – Дебар, од кого со вода се снабдува населението од општините Дебар и Центар Жупа.

„Прашањето за дебарскиот водовод е едено од главните прашања кои ќе бидат обработени во студијата за заштита на животната средина. Треба да нагласам дека водата се опфаќа за електраната од многу пониско ниво од што е нивото на изворите за водоводот. Онаму каде што има цевковод на водоводот ќе се преземаат соодветни мерки за тој да не се оштети“,
Се она што ќе биде проценето ќе биде претставено во студијата и ќе бидат дадени мерки, и јавноста отпосле ќе има можност да види и процени во која мера овој проект ќе влијае врз животната средина.
подвлекува Трпевски.

Со оглед дека оваа електрана ќе се гради во еден од најубавите предели во западниот дел на нашава земја, во јавната расправа најголем интерес побуди прашањето дали изградбата на ХЕ „Бошков Мост“ ќе има негативно влијание врз животна средина.

„Сето она што може да влијае врз животната средина ќе биде анализирано од страна на експертски тим и од аспект на сите делови на животната средина и билолошката разновидност. Се она што ќе биде проценето ќе биде претставено во студијата и ќе бидат дадени мерки, и јавноста отпосле ќе има можност да види и процени во која мера овој проект ќе влијае врз животната средина“, оценува експертот за животна средина Менка Спировска.

Претставниците на ЕЛЕМ, покрај организирањето на првите јавни расправи ги започнаа и преговорите со локалните власти на општина Дебар, бидејќи за реализација на овој проект, за кој средствата се очекува да ги одобри Европската банка за обнова и развој, потребно е и зелено светло од општина Дебар.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG