На внатрешно-политички план, кавгата меѓу двете партии на македонските Албанци, ДУИ и ДПА околу таканаречените кодоши во нивните редови - доминираше во медиумите во изминатите денови. „ДУИ го обвини Мендух Тачи за војна против ОНА“ е насловот во Дневник. „Дворските кодоши ги фабрикувала ДПА“, насловува Време, консултирајќи аналитичари кои сметаат дека лустрацијата излегува од контрола и се претвора во политички циркус. „Мама и Вујко ќе патуваат од Белград“, јавува Утрински, поточно, за тоа дали ќе се отвори постапка против Фазли Велиу и Муса Џафери, кои самите се препознаа под овие псевдоними во најдените досиеја, зависело од добрата волја на Белград да им открие на македонските лустратори дали досиејата се веродостојни.
На надворешно-политички план, како се приближува 9 ноември, датумот кога ЕУ треба да ни го испорача најновиот извештај дали нешто сме поправиле во нашиот државно-политички состав, зачестува пишувањето на медиумите за тоа каков извештај ќе добие Македонија. Во тој контекст, различни се и акцентите од пораките на претседателот на Европскиот совет, Ван Ромпуј. „Средба на Груевски со Ромпуј“, насловува Дневник, нагласувајќи ги во текстот неговите зборови дека владеењето на правото, демократијата, независното судство, реформите на јавната администрација, како и слободата на изразувањето се од централна важност за земјава. „Македонија не смее да ја испушти европската шанса“, забележува Вечер, извлекувајќи ја од неговата изјава пораката декапостигнувањето брзо решение за спорот со името е единствената шанса за остварување на европската цел. Време насловува дека „Ромпуј цврсто стисна“.
Нова Македонија, на насловната ја третира најавата на министерот Тодоров за реорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пренесувајќи мислења на некои професори кои тврдат дека државата со тоа има намера да го подели универзитетскиот имот од околу 600 илјади квадратни метри, и на други кои сметаат дека целта е да се парчоса Универзитетот, а за сметка на тоа да продолжи да се форсира штипскиот Универзитет.
Во два броја, Вечер на насловната пишува за заложбите на власта за инвестиции во енергетиката: најавата на директорот на ЕЛЕМ, Чинговски, дека хидроцентралите Луково Поле и Бошков Мост ќе бидат готови до 2016-та со финансиска помош од Светска банка, и најавата на потпретседателот на Европската инвестициона банка, инаку финансиска институција на ЕУ, Антон Роп за инвестиции во енергетиката и патната инфраструктура вредни 400 милиони евра како помош на Македонија која била на пат за прием во Унијата.
ДУИ го обвини Мендух Тачи за војна против ОНА.
Средба на претседателот на европскиот Совет Херман Ван Ромпуј со премиерот на Македонија Никола Груевски, вчера во Скопје
На надворешно-политички план, како се приближува 9 ноември, датумот кога ЕУ треба да ни го испорача најновиот извештај дали нешто сме поправиле во нашиот државно-политички состав, зачестува пишувањето на медиумите за тоа каков извештај ќе добие Македонија. Во тој контекст, различни се и акцентите од пораките на претседателот на Европскиот совет, Ван Ромпуј. „Средба на Груевски со Ромпуј“, насловува Дневник, нагласувајќи ги во текстот неговите зборови дека владеењето на правото, демократијата, независното судство, реформите на јавната администрација, како и слободата на изразувањето се од централна важност за земјава. „Македонија не смее да ја испушти европската шанса“, забележува Вечер, извлекувајќи ја од неговата изјава пораката дека
Ромпуј цврсто стисна.