Достапни линкови

Никој не попушта


Власта е решена да оди на избори, опозицијата, пак, не попушта околу исполнувањето на нивните барања. Дали излезот би била влада на национално единство?

Иако се свесни дека последиците можат да бидат непријатни, и власта и опозицијата се решени да опстојат на своите барања. Социјалдемократскиот сојуз повторува дека нема да оди на избори доколку не бидат исполнети барањата на опозицијата. Последиците од избори кои би биле
Сите последици од една таква ситуација треба да ги пресмета Груевски затоа што клучот за разрешница на оваа криза е токму кај него.
бојкотирани од опозицијата, нека ги сноси премиерот Груевски, вели Владо Бучковски од СДСМ.

„Сите последици од една таква ситуација треба да ги пресмета Груевски затоа што клучот за разрешница на оваа криза е токму кај него.“

За ВМРО-ДПМНЕ најдобро е да се случат избори и да се види, како што велат, волјата на народот. Анета Кипаризовска од оваа партија се надева дека опозицијата ќе ја прифати подадената рака на Груевски, ќе предложи свој кандидат за претседател на Државната изборна комисија и ќе ги измери силите со владејачките партии.


„Затоа што бојкотот е, како што беше и досега докажано, нешто што е погубно за секоја партија, така што сметам дека за доброто на доброто на државата ќе излезат на избори.“

Владејачката ДУИ, пак, се надева дека опозицијата ќе попушти и нема да
Затоа што бојкотот е, како што беше и досега докажано, нешто што е погубно за секоја партија, така што сметам дека за доброто на доброто на државата ќе излезат на
избори.
дозволи да се спроведат избори без нив. Оттаму не сакаат да прогнозираат какви ќе бидат последиците од таквиот развој на настаните:

„Тешко е да се предвиди, но сепак не е добро да се оди и на избори без опозицијата“, изјави Тахир Хани од Демократската инија за интеграции.

Спроведувањето на избори без согласност од опозицијата и без исполнување на нивните барања, може да предизвика безбедносни ризици и длабока поделеност кај народот, вели Флора Кадриу од Нова демократија. Најважно е, вели таа, да постои политички консензус за ова прашање.

„Се става под знак прашалник и безбедноста и сигурноста при самите можни предвремени избори доколку оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оди тврдоглаво без да ги земе во предвид барања на опозицијата.“

Предизборна кампања во 2006 година

Дали излезот од ваквата ситуација би била влада на национално единство? Еве ги размислувањата на пратениците Бучковски, Хани и Кадриу.

„Влади кои би биле големи коалиции на национален спас, влади во кои и понатаму ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Греувски мислам дека не е решение за длабоката политичка криза во која западна Македонија“, вели Бучковски.

„Фактички се уште не сме го ставиле ова на дневен ред“, вели Хани.

„Не би можела околу тоа многу да спорам, затоа што сметам дека тоа е сложен процес, сметам дека е најнеопходно да се изнајде консензус, лидерите да седнат на маса“, вели Кадриу.

Премиерот Груевски вчера уште еднаш повтори дека предвремени избори ќе има. На опозицијата и постави рок до сабота да достави предлог за претседател на ДИК. Во спротивно како што рече ќе се постапело според законот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG