Повикот на лидерот за предвремени избори одекна на места од каде обичен човек најмалку би очекувал. Студентите се „прешалтаа“ од „сакаме да учиме“ на „сакаме избори“. Транспортерите, познати во јавноста по забелешките за инфраструктурните проблеми, вчера побараа да се гласа предвреме. Откако премиерот Никола Груевкски рече „Бранко Ајде на избори“, се огласија и групи на интелектуалци, невладини организации... За лаик ова потсетува на комунистичките режими – лидерот вели „оп“, а организациите кои во теорија го претставуваат народот – скокаат. Со оваа опсервација се согласуваат и дел од експертите кои ги консултиравме.
Универзитетскиот професор Хасим Јашари вели дека граѓанското учество е пожелно во едно демократско општество:
„Меѓутоа во овој случај, ова на некој начин не е добро со оглед на фактот дека овие социјални групи се јавуваат тогаш кога му е потребно на лидерот.“
Некој ги поттикнува обвие групи да реагираат со подршка на лидерот, вели професор Јашари:
„Добро е да се бара промени, меѓутоа во овој случај сето тоа добива облик дека во социјалните групи, камионџиите, студентите итн., има внатре инфилтрирано дел од партиските војници кои ги потикнуваат на вакви реакции.“
Секоја организација има легитимно право да се огласи со одредено барање, смета политикологот Владимир Мисев:
„Доколку изјавите и нивните настапи се злоупотребуваат или се користат за тесно политички партиски интереси, секако дека тоа не е во ред. Доколу таквите настапи имаат за цел да манипулираат со јавното мислење тоа не е во ред.“
Публиката се чини пасивно реагира на барањата на одредени групи, вели Мисев и појаснува:
„Можам да зборувам за групирањето на интелектуалците и влијанието кое што го имаат, доколу постои некоја таква интелектуална или академска заедница мислам дека не е некое преголемо влијание, затоа што гледаме дека таа интелектуална и академска јавност е доста поделена.“
Меѓутоа во овој случај, ова на некој начин не е добро со оглед на фактот дека овие социјални групи се јавуваат тогаш кога му е потребно на
лидерот.
Универзитетскиот професор Хасим Јашари вели дека граѓанското учество е пожелно во едно демократско општество:
Студентски избори во Македонија во 2009. Студентите избраа свој лидер. Сега бараат избори во државата.
„Меѓутоа во овој случај, ова на некој начин не е добро со оглед на фактот дека овие социјални групи се јавуваат тогаш кога му е потребно на лидерот.“
Доколку изјавите и нивните настапи се злоупотребуваат или се користат за тесно политички партиски интереси, секако дека тоа не е во ред. Доколу таквите настапи имаат за цел да манипулираат со јавното мислење тоа не е во ред.