Вината што Македонија, во изминативе две децении, ги изгуби традиционалните пазари на Блискиот Исток и во Северна Африка лежи исклучиво кај нас – делумно кај фирмите, а делумно кај владата, вели Претседателот на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб во Стопанската комора на Македонија, Васко Костојчиновски.
По немирите во Либија, на површина излезе податокот дека таму работеле само 50-тина Македонци, најмногу градежни работници, кои биле ангажирани преку странски фирми. За разлика од тоа, во Либија работат повеќе од 1000 Срби, исто толку Хрвати и Босанци, кои се делумно ангажирани и преку фирми од нивните држави.
Македонија, како дел од СФРЈ, одржуваше добри односи со неврзана Либија, а македонските фирми градеа и пласираа на тамошниот пазар.
Костојчиновски вели дека македонските градежни фирми немаат финасиски капацитет да учествуваат на тендерите во тие земји. Решението е во формирање конзорциуми – или со странски фирми или домашен конзорзиум на принцип на јавно приватно партнерство. На таков начин би се формирал субјект што ќе има финансиски капацитет да учествува на тендерите и да може да гарантира завршување на градбите, вели тој.
„Нам ни беше понудено од страна на Либија да учествуваме во изведба на тие 100 илјади станови, пет илјади да градиме ние, со некоја просечна цена, помоја пресметка 850 долари за ниско стандардни станови. Интерес кај нашите градежни компании, нема!“
Костојчиновски вели дека македонските градежни фирми се соочуваат и со недостиг од изградбени капацитети. На пример, фирми од Србија, Хрватска и од Босна прават заеднички конзорциуми за настап на странски пазари, а нас таму не нема, вели тој.
„Покрај недостатокот на финансиски капацитети ние денеска веќе се повеќе и повеќе имаме релативно мали фирми кои се задоволени со домашниот пазар. Зошто е такво однесувањето на компаниите? Затоа што на домашниот пазар има доволно работа за да ги задоволат тие капацитети што ги програмирале и немаат намера да се шират и да излегуваат на надворешни пазари, меѓутоа тоа е повеќе резултат на капацитетот на раководството на тие фирми отколку на системски однос.“
Трет проблем, вели Костојчиновски, е и тоа што државата нема склучено билатерални спогодби со овие земји, кои гарантираат посигурен настап на тие пазари. Ни требаше долго време да сфатиме дека, доколку немаме потпишано конвенции со тие земји, важечки и старите конвенции склучени меѓу СФРЈ и други земји.
„Долго време требаше да се сфати дека тој правен основ не задира никако во емотивни или да не речам југоносталгични односи, туку се работи за конвенции од сферата на економијата, потекло на стоки, трудово законодавство... Гледате луѓето станаа ’бело робје‘ на разно-разни пробисвети што ги носат таму, им ветуваат и после ги оставаат без пари.“
Костојчиновски посочува дека Либија и понудила на Македонија да вработи 500 луѓе - медицински персонал, но двете земји немаат потпишано конвенција за извоз на услуги, вели тој.
„Четири министри ги обиколував, од Владо Димов, освен сегашниов, и во предлозите направивме еден текст на конвенција, но се изгуби процедурата, ние немаме конвенција, а не можете да пратите медицински персонал без конвенција во која ќе се обезбедите од секакви ризици.“
Во првите десет месеци од минатата година, Македонија остварила трговска размена во вредност од 41,7 милиони долари со земјите од Блискиот Исток и од Магреб. Остварен е извоз во вредност од 11,3 милиони долари, а увозот е во вредност од 30,4 милиони долари. Најмногу се извезувале земјоделски и прехранбени производи, производи од железо и челик, електрични апарати и машинска опрема.
Покрај недостатокот на финансиски капацитети ние денеска веќе се повеќе и повеќе имаме релативно мали фирми кои се задоволени со домашниот пазар. Зошто е такво однесувањето на компаниите? Затоа што на домашниот пазар има доволно работа за да ги задоволат тие капацитет што ги програмирале и немаат намера да се шират.
По немирите во Либија, на површина излезе податокот дека таму работеле само 50-тина Македонци, најмногу градежни работници, кои биле ангажирани преку странски фирми. За разлика од тоа, во Либија работат повеќе од 1000 Срби, исто толку Хрвати и Босанци, кои се делумно ангажирани и преку фирми од нивните држави.
Македонија, како дел од СФРЈ, одржуваше добри односи со неврзана Либија, а македонските фирми градеа и пласираа на тамошниот пазар.
Костојчиновски вели дека македонските градежни фирми немаат финасиски капацитет да учествуваат на тендерите во тие земји. Решението е во формирање конзорциуми – или со странски фирми или домашен конзорзиум на принцип на јавно приватно партнерство. На таков начин би се формирал субјект што ќе има финансиски капацитет да учествува на тендерите и да може да гарантира завршување на градбите, вели тој.
Југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и либискиот лидер Моамер Гадафи во 1975. Македонските работници често работеа во неврзаната Либија, со која Југослваија одржуваше добри односи.
„Нам ни беше понудено од страна на Либија да учествуваме во изведба на тие 100 илјади станови, пет илјади да градиме ние, со некоја просечна цена, по
Четири министри ги обиколував и во предлозите направивме еден текст на конвенција, но се изгуби процедурата, ние немаме конвенција, а неможете да пратите медицински персонал без конвенција во која ќе се обезбедите од секакви ризици.
Костојчиновски вели дека македонските градежни фирми се соочуваат и со недостиг од изградбени капацитети. На пример, фирми од Србија, Хрватска и од Босна прават заеднички конзорциуми за настап на странски пазари, а нас таму не нема, вели тој.
„Покрај недостатокот на финансиски капацитети ние денеска веќе се повеќе и повеќе имаме релативно мали фирми кои се задоволени со домашниот пазар. Зошто е такво однесувањето на компаниите? Затоа што на домашниот пазар има доволно работа за да ги задоволат тие капацитети што ги програмирале и немаат намера да се шират и да излегуваат на надворешни пазари, меѓутоа тоа е повеќе резултат на капацитетот на раководството на тие фирми отколку на системски однос.“
Трет проблем, вели Костојчиновски, е и тоа што државата нема склучено билатерални спогодби со овие земји, кои гарантираат посигурен настап на тие пазари. Ни требаше долго време да сфатиме дека, доколку немаме потпишано конвенции со тие земји, важечки и старите конвенции склучени меѓу СФРЈ и други земји.
Васко Костојчиновски, Претседател на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб во Стопанската комора на Македонија