Благо намалување на трговскиот дефицит, бележи Државниот завод за статистика во периодот јануари-октомври 2010 година. изнесува 2, 6 милијарди долари, а на увозот 4,3 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,3 отсто, а трговскиот дефицит изнесувал близу 1,6 милијарда долари. Во истиот период од минатата година трговскиот дефицит изнесувал над 1,8 милијарда долари.
Оваа блок информација ја објавија речиси сите медиуми и можеби енесомнено дека на голем дел од граѓаните кои немаат формално образование од економија не им е комплетно јасно зошто сево ова е битно. Високиот трговски дефицит ги топи девизните резерви на една земја, објаснува Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.
,,Во земји како што е нашата каде што имаме фиксен девизен курс кој што е врзан со одредена валута, големото одлевање на девизните резерви би влијаело негативно на стабилноста на самата домашна валута."
Но, тоа е само еден проблем кој го предизвикува трговскиот дефицит. Според економскиот аналитичар Висар Адеми, високиот трговски дефицит значи одлив на пари од земјата, или повеќе пари од дома даваме за увоз на странски производи. Решение?
,,Ако имаме добра индустрија, организиран сектор, ако имаме и суфицит со некои држави тогаш Македонија би имала позитивен биланс пари што влегуваат како свеж капитал во македонската економија."
Битно е и што се извезува, дополнува Хаџимустафа:
,,Кога ние би увезувале повеќе суровини и репроматеријали, а би извезувале повеќе готови производи поголем профит би се остварил и за компаниите, меѓутоа тоа би влијаело добро и за Бруто - домашниот производ на земјата."
Анализирајки ја структурата на дефицитот може да се забележи дека најмногу се увезува тоа што го немаме, значи нафта, моторните возила и струјата. Нафта не произведуваме, а за сега не е отворена ни фабрика за автомобили во индустриските зони, многу од кои со години „зјаеа“ празни. Но, во изминативе година дена се` почести беа најавите за изградба на нови хидроцентрали. Експертите за енергетика за сега не коментираат дали актуелните проекти се доволни за производство на доволно електрична енергија за намалување или комплетно елиминирање на енергетската зависност на земјава. Хидроцентралите не и се доволни на земјава, потребно се термоелектрични централи со повисок капацитет, коментира енергетичар кој инсистира на анонимност.
Што ни останува? Според податоците на државниот завод за статистика, годинава во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта.
Зошто трговскиот дефицит до сега не создаде проблеми? Според Адеми, гастербајтерите се тие што помагаат за балансирање на работите со нивните приливи од странство во земјава. Но, што се случува внатре во Македонија?
,,Две лоши работи ни се случуваат. Прво, старееме како нација, односно не сме многу активни во економијата, се повеќе и повеќе сме непродуктивни и втората работа е дека се помалку и помалку пари се трошат во Македонија."
Оваа блок информација ја објавија речиси сите медиуми и можеби е
Во земји како што е нашата каде што имаме фиксен девизен курс кој што е врзан со одредена валута, големото одлевање на девизните резерви би влијаело негативно на стабилноста на самата домашна валута
,,Во земји како што е нашата каде што имаме фиксен девизен курс кој што е врзан со одредена валута, големото одлевање на девизните резерви би влијаело негативно на стабилноста на самата домашна валута."
Но, тоа е само еден проблем кој го предизвикува трговскиот дефицит. Според економскиот аналитичар Висар Адеми, високиот трговски дефицит значи одлив на пари од земјата, или повеќе пари од дома даваме за увоз на странски производи. Решение?
,,Ако имаме добра индустрија, организиран сектор, ако имаме и суфицит со некои држави тогаш Македонија би имала позитивен биланс пари што влегуваат како свеж капитал во македонската економија."
Битно е и што се извезува, дополнува Хаџимустафа:
Кога ние би увезувале повеќе суровини и репроматеријали, а би извезувале повеќе готови производи поголем профит би се остварил и за компаниите, меѓутоа тоа би влијаело добро и за БДП на земјата