Достапни линкови

Дефицит на млеко


Млеко
Млеко

Како последица на изгубената доверба, особено по аферата „Сведмилк“, фармерите ги продадоа кравите, па млекопроизводителите се соочуваат со недостаток од млеко.

По четврт пат се рестартира капацитетот на прилепската млекарница. Мешовитата бугарско-македонска фирма „Сирма-Пелистер“ го закупи капацитетот од сопственичката фирма „Индустрија за млеко-Прилеп“ за шест години и на почетокот инвестираше 400.000 евра. Набавена е нова технолошка линија. Но, новите газди се соочуваат со проблемот на недостиг на млеко, кој што е последица на изгубената доверба на кооперантите кон откупувачите, особено по аферата „Сведмилк“, кога многу
Прилепска млекарница
млекопроизводители останаа со покуси ракави, а голем дел ги продадоа и своите стада, за да ги вратат кредитите во банките.
Сепак, во прилепската млекарница се оптимисти, велат дека ги вложуваат сите напори да ги вратат кооперантите.

„Недостатокот на млеко се должи на изгубената доверба од останатите откупувачи на млеко, ниската цена, ама еве сега почнува да се подигнува цената. Отворени сме за потпишување со било кој кооперант договор за сигурност и за работа. Заеднички услови кои одговараат и за кооперантот и за нас“, вели Тоде Иваноски, косопственик на „Сирма-Пелистер“.

Тој додава дека
Откупот е моментално околу 8 тона млеко, со тенденција на накачување на литражата според потребите на млекарницата, а има потреба сигурно, пошто имаме некои планови за извоз и одиме на покачување на
млекото.
зголемувањето на откупната цена која се движи од 16 до 20 денари за литар е токму една од мерките за стимулирање на откупот и проширување на обемот на производство на приватните фарми.

„Откупот е моментално околу 8 тони млеко, со тенденција на накачување на литражата според потребите на млекарницата, а има потреба сигурно, пошто имаме некои планови за извоз и одиме на покачување на млекото“, истакнува Ивановски.

Дека во Пелагонија има дефицит на млеко, потврдуваат и од Министерството за земјоделство.

„Сигурно, проблемите кои настанаа со затворање на една од поголемите млекари во Република Македонија пред две години оставија одередени последици, во делот на производството и во делот на довербата кон самите нели откупувачи на млеко. Меѓутоа од друга страна, па има еден позитивен тренд кој што ние го гледаме во Министерството дека има се поголем интерес од страна на бизнисмените инвеститори, домашни во Република Македонија, надворешни инвеститори, да инвестираат во делот на преработката на млекото. И секако таа зголемена конкуренција ќе придонесе во зголемување и на количината на млекото кое ќе се откупува во идниот период и постепено враќањето на таа доверба“, истакнува заменик министерот за земјоделство Перица Ивановски.

Илустрација: Млекарница

Тој тврди дека ресорното министерство ќе продолжи со стимулациите за млекопрозизводителите во висина од 2,5 денари за секој предаден литар млеко, но од друга страна се отвораат можности и за стимулирање на откупувачите. Фирмите преработувачи вели заменик-министерот Ивановски може да аплицираат и да ги користат бенефициите на Ипард и Програмата за рурален развој.

Инаку, „Сирма-Пелистер“, во моментов гради млекарница и во Битола - инвестиција вредна 1,5 милиона евра, која се очекува да биде ставена во функција во јуни идната година.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG