Посредникот на ОН во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц по синоќешната средба со двајцата преговарачи во Њујорк, изјави дека нема нов предлог, но оти двете страни изразиле подготвеност да ги продолжат разговорите за наоѓање решение за прашањето за името. „Атмосферата беше многу добра. Двете страни ги презентираа своите позиции. Има позитивно расположение да се реши проблемот“, изјави Нимиц. Како прогрес во процесот тој ги оценил минатогодишните средби на премиерите Груевски и Папандреу, кои, како што вели, имале позитивно влијание во напорите да се дојде до решение. Пред заедничката средба во неговата кацеларија на Менхетен, Нимиц претходно и одвоено разговараше со двајцата преговарачи. Нимиц и преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис синоќа, како што јавува МИА, имале и заедничка работна вечера.
Во соопштението од канцеларијата на Обединетите нации пред средбата стоеше дека целта на состанокот е да се овозможи дветестрани да ги презентираат меѓусебно и пред амбасадорот Нимиц позициите на нивните влади, притоа водејќи сметка за разликите меѓу нив. Исто така се вели дека средбата е можност да се види дали постојат области кои треба понатаму да се истражуваат, како и да се одредат натамошните чекори во процесот чија крајна цел е да се дојде до брзо решение на спорот за името.
Во Министерството за надворешни работи велат дека по извршените консултации со државниот врв, преговарачот Зоран Јолевски ги добил потребните насоки за текот на разговорите, но детали за тоа какви инструкции добил, не соопштуваат.
Неодамна, во интервју за нашето радио, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски изјави дека очекува оваа средба да биде прилика во која што двете страни уште еднаш ќе ја потврдат својата поддршка за господинот Нимиц и за самиот процес што се води во Обединетите нации.
Повеќето експерти се сомневаат дека најновата средба на медијаторот и преговарачите ќе донесе нешто ново, особено по најновиот развој на настаните во земјата и внатрешно-политичките случувања.
„Двете држави се во некоја чудна фаза. Во Македонија веќе има парламентарна криза. Во Грција имаме најава за предвремени парламентарни избори. Ова се два моменти кои не им одат во прилог на целата преговарачка комбинаторика“, велианалитичарот Алберт Муслиу.
Упатените прогнозираат дека ова ќе биде формална и протоколарна средба која само ќе ги даде насоките за натамошниот тек на разговорите.
„Нема политичка волја од наша страна да мрднеме, не можам да ја проценам грчката. Меѓутоа, кај нас, недостасува елементарна волја и тоа требаше од анализите кои ги правиме на домашната политичка сцена да ни биде јасно“, изјави универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.
Во овој момент, вели тој, Вашингтон нема да притисне да се дојде до решение, оти сега за американската администрација е поважно да се решат внатрешно-политичките проблеми во земјава.
„Вашингтон ќе се расправа со работите во кои внатрешно тонеме и заради што луѓето можат да излезат на улица и да се обидат да го имитираат Тунис тука. Слобода на медиуми, демократијата внатре, проценка за вонредни избори и како тоа може да се реши. Тие три точки ќе го интересираат и ќе притиска.“
Во меѓувреме, стигна порака и од генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој ги повикува Атина и Скопје да покажат добра волја и со помош на медијаторот Метју Нимиц да најдат решение за проблемот, кој како што вели, не е само билатералeн, туку влијае и на поширокиот регион.
Во соопштението од канцеларијата на Обединетите нации пред средбата стоеше дека целта на состанокот е да се овозможи двете
Двете држави се во некоја чудна фаза. Во Македонија веќе има парламентарна криза. Во Грција имаме најава за предвремени парламентарни избори. Ова се два моменти кои не им одат во прилог на целата преговарачка комбинаторика.
Во Министерството за надворешни работи велат дека по извршените консултации со државниот врв, преговарачот Зоран Јолевски ги добил потребните насоки за текот на разговорите, но детали за тоа какви инструкции добил, не соопштуваат.
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц, Антонио Милошоски и Зоран Јолевски на 23 февруари 2010 во Скопје
Неодамна, во интервју за нашето радио, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски изјави дека очекува оваа средба да биде прилика во која што двете страни уште еднаш ќе ја потврдат својата поддршка за господинот Нимиц и за самиот процес што се води во Обединетите нации.
Повеќето експерти се сомневаат дека најновата средба на медијаторот и преговарачите ќе донесе нешто ново, особено по најновиот развој на настаните во земјата и внатрешно-политичките случувања.
„Двете држави се во некоја чудна фаза. Во Македонија веќе има парламентарна криза. Во Грција имаме најава за предвремени парламентарни избори. Ова се два моменти кои не им одат во прилог на целата преговарачка комбинаторика“, вели
Нема политичка волја од наша страна да мрднеме, не можам да ја проценам грчката. Меѓутоа, кај нас, недостасува елементарна волја и тоа требаше од анализите кои ги правиме на домашната политичка сцена да ни биде
јасно.