Достапни линкови

Обука за мултиетнички дијалог


Куманово
Куманово

Под покровителство на УНДП, во кумановската општина е реализирана обука за подобрување на мултиетничкиот дијалог.

За подигнување на мултиетничкиот дијалог, меѓусебна соработка во сите области и подобар однос и разбирање на советниците од различни етнички заедници во општинскиот Совет, а со тоа и подобрување на меѓусебниот однос меѓу населението во Куманово е реализиранa обука, под покровителство на УНДП.
Ова не е прва обука со ваква цел, а и претставниците од различните етнички заедници во изминатиот период работеле во комисија, само со поинаков
Припадниците на ромската етничка заедница ја одбележаа Василица, а српската заедница го одбележа празникот Свети Сава. Комисијата има подршка од локалната самоуправа.
назив.
Исмаил Џељадини, член на Комисијата за односи меѓу заедниците, вели дека оваа комисија работи втора година.

„Има 12 членови, по двајца членови од сите заедници во Куманово.“

Совет на општина Куманово

„Ние сме прва Комисија во РМ која има програма за 2011 и која од јануари веќе почна да ја реализира. Така припадниците на ромската етничка заедница ја одбележаа Василица, а српската заедница го одбележа празникот Свети Сава. Комисијата има подршка од локалната самоуправа, од градоначалникот, претседателот на Советот и од советниците“, вели Богдан Таневски, претседател на Комисијата за односи меѓу
Обуката е советниците и Комисијата за односи меѓу етникумите да го подобрат своето работење.
заедниците.

И додека во Куманово, жителите од различните етнички заедници генерално сметаат дека немаат никакви проблеми со припадниците од другите заедници, постои мислење дека најчесто нема добар дијалог помеѓу политичарите. Затоа Зоран Јачев, консултант за реализација на ваквите обуки вели:

„Не постојат пречки за комуникација меѓу припадниците на етничките заедници, ниту во Куманово, ниту во другите мултиетнички средини во РМ. Обуката е советниците и Комисијата за односи меѓу етникумите да го подобрат своето работење и поефикасно да ги пренесат секојдневните проблеми и потребите на сопствените заедници во нивното надминување во работењето на Советот.“

Соња Исмаил вели дека вакви обуки со цел Зголемување на меѓуетничкиот дијалог и соработка се одржуваат и во Кичево и Струга.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG