Достапни линкови

Зајакнување на меѓуетничките односи


Во неколку општини во Македонија започна спроведување проект кој има за цел зајакнување на меѓуетничките односи.

За да има добар меѓуетнички дијалог и соработка потребно е да се вклучат повеќе страни, да се зајакне работата на институциите, пред се на Комисиите за односи меѓу заедниците, но и да се вклучат невладини организации и бизнис зедницата. Ова се дел од заклучоците за проценката на националните и локалните капацитети за зајакнување на меѓуетничките односи. На проектот соработуваат Секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор, Програмата на ОН (УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО), ЗЕЛС, министерствата за култура и образование. Проектот се споредувал во три општини - Кичево, Струга и Куманово.

Од УНДП објаснуваат дека програмата се имплементира четири години, а овие општини биле избрани со една друга студија и биле посочени како општини во кои треба да се
Се со цел да им овозможиме што посеопфатно да ја сватата својата улога и да им го покажеме на некој начин, вистинскиот начин за тоа како да си ја извршуваат својата работа и во која насока да се движат при извршување на својата работа.
поработи малку повеќе на зајакнување на меѓуетничките односи. Целта на пректот е да се зајакне работата на самите општини и на Комисиите за соработка на заедниците, за да може на мирен начин да се разрешуваат конфликтите и да се почитуваат различностите. Почнувајќи од 2005-та секоја општина во која имаа повеќе заедници, мора да има формирано Комисија за однсоси меѓу заедниците, но упатените на неколку пати предупредуваа дека тие функционираат само декларативно. Од ЗЕЛС објаснуваат дека тие веќе со години преку разни проекти работат на усовршување на Комисиите за собаротка на заедниците.

Тезга за накит во Старата скопска чаршија

„Се со цел да им овозможиме што посеопфатно да ја сфатат својата улога и да им го покажеме на некој начин, вистинскиот начин за тоа како да си ја извршуваат својата работа и во која насока да се движат при извршување на својата работа“, вели Душица Перишиќ од ЗЕЛС.

Врз основа на препораките, ОН преземаат активности за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка, преку давање на грантови на девет невладини организации. Исмаил Крифца од „Разбиди се“ вели дека невладините организаци можат многу да помогнат за подобрување на дијалогот меѓу заедниците.

„Затоа што невладините организации се директно на терен и претежно во овој случај ќе работат со сите локални дилери кои би требале да бидат иницијатор со своите добри односи.“

Програмата на Обединетите нации, за зајакнување на соработката меѓу заедиците е финансирана од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на Милениумските развојни цели.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG