Парламентраното собрание на Советот на Европа попалднеtо со 169 гласови „за“, 8 „против“ и 14 „воздржани“, усвои „Резолуција за истрага за наводните обвинувања за нехумано однесување и трговија со човечки органи во Косово“.
Новина во усвоениот текст е амандманската промена на насловот на Резолуција во која е вметнат зборот „наводни“.
Резолуцијата е подготвена од швајцарскиот парламентарец Дик Марти по неговиот извештај за недозволената трговија со човечки органи на Косово.
Најголемиот број од учесниците во расправата го подрржаа извештајот.
Во Резолуцијата се истакнува дека утврдувањето на вистината за злосторствата на Косово и за судбината на исчезнатите лица е од витална важност за помирување на заедниците и мирната иднина на тој дел од Балканот, а членките на ЕУ и на Советот на Европа власти и властите на Србија и Косово се повикуваат во врска со тоа да преземат конкретни мерки.
ПССЕ смета дека е потребна „бескомпромисна“ борба против неказнувањето на сторителите на тешки прекршувања на човековите права. Фактот што овие дела се направени во рамките на еден мошне насилнички конфликт во никој случај, според ПССЕ, не го оправдува откажувањето од истрагата против сторителите на вакви дела.
Во резолуцијата се упатува и повик кон меѓународната заедница, властите во Белград, Приштина и Тирана да преземат конкретни мерки, за да се расветлат обвинувањата за трговијата со човечки органи и другите злосторства за време на конфликтот во Косово, преку независна и сериозна истрага.
Државите-членки на ЕУ и другите земји според Парламентарното Собрание треба да му дадат на ЕУЛЕКС јасна задача и потребната политичка поддршка во бескомпромисната борба против организираниот криминал за да биде задоволена правдата, без никакви политички противускуги.
Албанија и косовската администрација треба да соработуваат безрезервно во сегашните и идните истраги, се наведува во Резолуцијата, во која од земјите-членки на Советот на Европа посебно се бара да се ангажираат во заштитата на сведоците.
Марти претходно го презентираше извештајот.
Извештајот на Дик Марти во кој се обвинува косовскиот премиер Хашим Тачи за поврзаност шверц со човечки органи на Косово денеска беше презентиран пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Во него се наведува дека групата на Тачи убивала противници и Срби и криумчарела и дрога.
Овој извештај, како што наведе Дик Марти, не е против народот на Косово и нема одбранбен карактер спрема Србија
Денеска британски Гардијан, пак повикувајки се на документи на НАТО објави дека Западните сили кои ја подржуваат косовската влада, на Премиерот Хашим Тачи гледале како на „најголема риба“ во организираниот криминал. Косовската влада кој ги негира пишувањата на Гардија
Ставот на македонската делегација
Шефот на делагацијата, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ се повика на соопштението до јавноста по координацијата на пратенците, во кое се вели дека „делегацијата поддржува резолуција која што е во насока на откривање на вистината, овозможување независна истрага врз основа наевентуални докази што постојат за изнесените наводи, како и сите напори кои што водат кон помирување и надминување на конфликтите во регионот со цел изградба на демократски општества“.
Македонија мора да биде внимателна околу нејзиниот настап пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Македонската експертска јавност посочува дека земјава би можела да има политички последици доколку го прифати извештајот.
„Целиот регион веќе почнува да се тресе, станува нестабилен, паѓаат влади... Македонија мора многу внимателно да постапи, посебно да ги видиреакциите на албанските политички партии тука во Македонија, во Албанија и на Косово. Мислам дека тој тренд треба да го следи, затоа што тие посочуваат дека е тоа политичка одлука и дека овој извештај нема содржина која навистина укажува дека тоа така се случило“, изјави аналитичарот Ризван Сулејмани.
Ова, вели Сулејмани, не е локално прашање, туку регионално. Ова прашање е пречувствително и за него не треба да се гласа политички, односно по наредба на некои политички партии и влади.
Спротивно на Сулејмани, Јован Донев од Евро Балкан вели дека земјава нема да има политички реперкусии, а какво било сомневање треба претходно да се провери.
„Ако се открие дека имало Македонци таму, тоа е друго прашање, тогаш би се покренало и кај нас истрага. Меѓутоа како и да е политички реперкусии за нас овде сигурно нема да има.“
Швајцарскиот сенатор Дик Марти бара детална истрага околу аферата за трговија со човечки органи на Косово, во која како главен злосторник беше посочен косовскиот премиер Хашим Тачи. Во извешатајот, Марти обвинува дека дел од Ослободителната војска на Косово во текот на 1999 година, организирал грабежи на луѓе на кои потоа во Албанија им биле вадени органи кои потоа биле продавани.
Новина во усвоениот текст е амандманската промена на насловот на Резолуција во која е вметнат зборот „наводни“.
Резолуцијата е подготвена од швајцарскиот парламентарец Дик Марти по неговиот извештај за недозволената трговија со човечки органи на Косово.
Најголемиот број од учесниците во расправата го подрржаа извештајот.
Во Резолуцијата се истакнува дека утврдувањето на вистината за злосторствата на Косово и за судбината на исчезнатите лица е од витална важност за помирување на заедниците и мирната иднина на тој дел од Балканот, а членките на ЕУ и на Советот на Европа власти и властите на Србија и Косово се повикуваат во врска со тоа да преземат конкретни мерки.
ПССЕ смета дека е потребна „бескомпромисна“ борба против неказнувањето на сторителите на тешки прекршувања на човековите права. Фактот што овие дела се направени во рамките на еден мошне насилнички конфликт во никој случај, според ПССЕ, не го оправдува откажувањето од истрагата против сторителите на вакви дела.
Во резолуцијата се упатува и повик кон меѓународната заедница, властите во Белград, Приштина и Тирана да преземат конкретни мерки, за да се расветлат обвинувањата за трговијата со човечки органи и другите злосторства за време на конфликтот во Косово, преку независна и сериозна истрага.
Државите-членки на ЕУ и другите земји според Парламентарното Собрание треба да му дадат на ЕУЛЕКС јасна задача и потребната политичка поддршка во бескомпромисната борба против организираниот криминал за да биде задоволена правдата, без никакви политички противускуги.
Албанија и косовската администрација треба да соработуваат безрезервно во сегашните и идните истраги, се наведува во Резолуцијата, во која од земјите-членки на Советот на Европа посебно се бара да се ангажираат во заштитата на сведоците.
Марти претходно го презентираше извештајот.
Извештајот на Дик Марти во кој се обвинува косовскиот премиер Хашим Тачи за поврзаност шверц со човечки органи на Косово денеска беше презентиран пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Во него се наведува дека групата на Тачи убивала противници и Срби и криумчарела и дрога.
Овој извештај, како што наведе Дик Марти, не е против народот на Косово и нема одбранбен карактер спрема Србија
Денеска британски Гардијан, пак повикувајки се на документи на НАТО објави дека Западните сили кои ја подржуваат косовската влада, на Премиерот Хашим Тачи гледале како на „најголема риба“ во организираниот криминал. Косовската влада кој ги негира пишувањата на Гардија
Ставот на македонската делегација
Шефот на делагацијата, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ се повика на соопштението до јавноста по координацијата на пратенците, во кое се вели дека „делегацијата поддржува резолуција која што е во насока на откривање на вистината, овозможување независна истрага врз основа на
Ако се открие дека имало Македонци таму, тоа е друго прашање, тогаш би се покренало и кај нас истрага. Меѓутоа како и да е политички реперкусии за нас овде сигурно нема
да има.
Македонија мора да биде внимателна околу нејзиниот настап пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Македонската експертска јавност посочува дека земјава би можела да има политички последици доколку го прифати извештајот.
„Целиот регион веќе почнува да се тресе, станува нестабилен, паѓаат влади... Македонија мора многу внимателно да постапи, посебно да ги види
Македонија мора многу внимателно да постапи, посебно да ги види реакциите на албанските политички партии тука во Македонија, во Албанија и на Косово.