Достапни линкови

Убиства и грабежи


Расте криминалот во Македонија. Според експертите, потребна е сеопшта акција во општеството и професионализација на МВР.

Еден убиен и седум ранети во семејна пресметка, го убил соседот за 350 денари, ранет и ограбен сопственик на менувачница. Сите овие наслови се најдоа на една страна во дневен весник. Медиумите се чини се претворија во записничари на крвни деликти, а за МВР речиси секојдневно се отвораат нови поводи за изјавата „се работи на случајот“. Останува отворено прашањето зошто жителите на Македонија навидум се` почесто буквално се препукуваат?

Социологот Илија Ацески вели дека во земјава е спуштен прагот преку кој се разграничува што е дозволено а што е нелегално.

„Во таа драматика на тоа живеење се губи границата на тоа што е дозволено и тоа што не е дозволено. Тоа го покажува и историјата и истражувањата. Добивате впечаток дека се е дозволено.“
Последните напливи на неедуцирани луѓе, партиски луѓе кои во најголем број случај единствен бекграунд им е некоја кривична пријава и одлежано некоја година затвор. Тука не може да очекувате борба против криминалот.

Во изминативе две години се зголемени прекршочните казни за криминалните дела. Тоа може да придонесе кон превенцијата, смета Ацески но дополнува дека тоа не е доволно.

„Се создава чувство кај потенцијалниот деликвент дека тоа скапо ќе го плати. Тоа е закана за оној што се обидува да направи нешто.“

Причините за зачестеноста на ваквите инциденти се различни, вели криминологот Владимир Пивоваров.


„Значи, пред се би почнале од општествената состојба, економската состојба во државата што влијае за зголемување на овој криминал. Од друга страна, оние кои се на прва борбена линија, односно МВР согласно законот се должни да превенираат и да откриваат сторени кривични дела.“

Дел од проблемот лежи во стручноста на надлежните органи, која станува се` поспорна, додава Пивоваров.

„Значи, последните напливи на неедуцирани луѓе, партиски луѓе кои во најголем број случај единствен бекграунд им е некоја кривична пријава и одлежано некоја година затвор. Тука не може да очекувате борба против криминалот. Овој процес е многу тежок и треба да има сеопшта акција во општеството, да се професионализира МВР.“
XS
SM
MD
LG