Достапни линкови

Нови воени одликувања


Припадници на македонската Армија
Припадници на македонската Армија

Армијата се надева дека македонските војници ќе почнат да добиваат македонски воени одликувања.

За таа цел се подготвува предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за одликувања и признанија, со што ќе се воведат пет нови воени медали.

За 20 години самостојност, ниту еден македонски војник или офицер не добил македонско одликување. Од 2005 година кога прв пат е доделено едно одликување, Претседателот никому не му доделил медал за храброст, а орденот за воени заслуги им е доделен на три воени единици, но не и на поединец. Носители на овој орден се Баталјонот за специјални
Oчекуваме, со усвојувањето на овие измени да пристапиме кон заокружувањето на една целина која воопшто не е за потценување.
намени од Одредот за специјални намени на АРМ и Првата и Втората механизирана пешадиска бригада.

Од друга страна, припадниците на АРМ имаат добиено околу 250 воени одликувања, од кои најголемиот дел се од американската армија за мисиите во Ирак и во Авганистан. Неколкумина македонски војници се одликувани со Бронзена ѕвезда што е четврто по ранг борбено одликување што го доделува американската армија. Пред десетина дена, АРМ соопшти дека капетанот Христијан Ѓоргов, по мисијата УНИФИЛ во Либан добил медал за посебни залуги од либанската армија и медал за зачувување на мирот од ОН.

Орден за воени заслуги

Портпаролот на АРМ Мирче Ѓорговски вели дека либанската армија досега го доделила тоа одликување само 12 пати.
Ѓорговски информира дека ГШ на АРМ веќе подготвил предлог за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија со што ќе се воведат пет нови воени медали – Медал на АРМ за спасен живот, Медал на честа на АРМ, Медал „Вечно сонце“, Медал за долгогодишна служба и Медал за учество во хуманитарни и мировни операции надвор од Македонија.
Мислам тоa полека да го воведеме и да покажеме дека навистина не само со политички говори туку и конкретно ги поздравувме напорите што нашите војници ги прават во мисиите.

„Во наредниот период очекуваме со усвојувањето на овие измени да пристапиме кон заокружувањето на една целина која воопшто не е за потценување и која за нас е од исклучително значење.“

Ѓорговски вели дека иницијативата е подржана и од Министерството за одбрана, а за неа позитивно се изјасниле и од Кабинетот на претседателот.
Посебна комисија треба да го утврди изгледот на одликувањата.
Според предлогот, медалите треба да бидат во класи и на униформата да се носат со рибони, односно со ленти во различни бои за секој медал и со ѕвездички за класата.

„Ова ќе даде дополнителен потик и мотив на сите припадници на АРМ за признавање на нивните дела и активности и на се она што го сработиле посветени на својата професија. Ова е еден акт пред се на уште поголема афирмација на војничката професија во Македонија, но и на АРМ.“

Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана

Поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски вели дека оваа иницијатива е за поздравување.

„Мислам тоa полека да го воведеме и да покажеме дека навистина не само со политички говори туку и конкретно ги поздравувме напорите што нашите војници ги прават во мисиите, а и генерално каде било, нивниот придонес е голем и мислам дека е навистина добра иницијатива и е за поздравување.“

Според предлогот, освен Претседателот на државата, се предвидува новите медали да може да ги доделуваат и Собранието, министерот за одбрана или началникот на генералштабот на АРМ.

„Во секој случај највисокиот медал треба да остане кај претседателот, меѓутоа за некои пониски медали сепак мислам дека би било добро да ги доделува министерот или началникот на генералштабот“, вели Еленовски.

Пред три години, дел од медиумите излегоа со информација дека АРМ предложила да ги одликува војниците со орден „Александар III Македонски“ и орден „Михајло Апостолски“, но од таа иницијатива не испадна ништо.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG