Достапни линкови

(Не)Професионална дипломатија


Министерство за надворешни работи
Министерство за надворешни работи

МНР тврди дека ја контролира работата, опозицијата обвинува за партизација и непрофесионалност на дипломатијата.

Непрофесионална дипломатска служба, амбасадори познати по своите гафови и недолично однесување, неискусни дипломати, ова е сликата за македонската дипломатија, за која многумина велат дека одамна го допрела дното. Досега имало многу примери кога амбасадорите од Македонија биле замешани во некоја афера, биле приведувани во земјата во која ја преставувале Македонија, недолично се однесувале или не покажале никакви
Тие директно одговараат пред министерот и пред претседателот. Доколку се задоволни се е во ред, доколку не и има некакви забелешки, се повикуваат на разговори, им се нотираат забелешките и крајна мерка е повлекување на амбасадорот.
резултати и не направиле ништо од она за кое биле пратени таму, но сепак ретко кој од амбасадорите бил повлечен, а тоа да не било од политички причини. За амбасадорите кои ја
Амбасадорите одговараат пред министерот за надворешни работи и пред претседателот на државата
претставуваат земјава во странство, нема класични оценки како за државните службеници, но сепак на крајот на годината амбасадорите се должни да поднесат извештај за работата на амбасадата, велат од МНР.

„Значи не станува збор за класично оценување, дали е добро или не, меѓутоа со нивната работа тие директно одговараат пред министерот и пред претседателот. Доколку се задоволни се е во ред, доколку не и има некакви забелешки, се повикуваат на разговори, им се нотираат забелешките и крајна мерка е повлекување на амбасадорот“, објаснува Борче Стамов, портпарол на Министерството за надворешни работи.

Дипломатот Благој Ханџиски кој има богато дипломатско искуство и кој наскоро ќе ја преземе амбасадата во Софија вели дека извештаите се доказ што амбасадорот сработил.

„Тоа што е напишано е напишано врз база на неверојатен труд, вкрстувано стотина пати да биде реално валидно и да стигне на време онаму каде што треба да стигне.“
Никаде не напишавте во таа ваша ,,пуста" преродба дополнета, надградена каква и да е, дека на овој начин ќе ја партизирате нашата дипломатија.


Од опозицијата велат дека власта тенденциозно ја води надворешната политика и намерно бира луѓе без искуство и ги праќа за амбасадори.

„Не е проблем веќе во овој ваш систем на владеење поединецот, погрешна е политиката и вие морате да ја смените оваа политика. Никој не ви дал за право вака да се „мајтапите“ со граѓаните на Република Македонија, па никаде не напишавте во таа ваша пуста преродба дополнета, надградена каква и да е, дека на овој начин ќе ја партизирате нашата дипломатија“, вели пратеникот Владо Бучковски.

Досега имало случаи кога одредени амбасадори биле казнувани парично или биле опоменувани затоа што направиле грешка, и се останувало на тоа, имало и случаи кога амбасадори биле отповикани, но само од политички причини.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG