Достапни линкови

29 лица приведени во акцијата „Диригент“


Илустрација
Илустрација

Во акцијата „Диригент“ приведени се 29 лица осомничени за трговија со дрога, меѓу кои и организаторите на т.н. Франкфуртска мафија.

Дваесет и девет лица се приведени во акцијата „Диригент“ на Министерството за внатрешни работи, кои се осомничени за недозволена трговија со наркотици во Австрија и Германија, а меѓу нив уапсени се и организаторите на таканаречената „Франкфурт мафија“. Некои од лицата се осомничени за помагање на перење пари. Акцијата се одвивала паралелно во четири градови и тоа во Скопје, Велес, Гевгелија и Свети Николе во соработка со австриската и германската полиција, вели потпаролот на министерството Иво Котевски.
Приведени се неколку лица коишто беа осомничени како организатори на т.н. Франкфуртска мафија, истите се осомничени дека по разни канали спротивно на законот внесувале наркотици на територијата на Австрија и на Германија.


„Приведени се неколку лица кои што беа осомничени како организатори на т.н. Франкфуртска мафија, истите се осомничени дека, по разни канали, спротивно на законот внесувале наркотици на територијата на Австрија и на Германија. Истите потоа во објекти во Виена и Франкфурт ги дистрибуирале.“

Во акцијата учествувале околу 350 полицијаци, кои извршиле и претрес на домовите на осомничените и на некои угостителски објекти, вели Котевски.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска


„Најдени се поголема количина на пари во готовина, претежно во странски валути, најдени се исто така и одредено количество на дрога, еден гасен пиштол, одземени се и други предмети, а исто така се обезбедени и соодветни докази од страна на австриската и германската полиција.“
Постојат сознанија дека македонски граѓани се вклучени во кокаинскиот бизнис, повеќе видови на дроги, на трговија помеѓу земјите на Европа и обратно од Турција кон
Европа.


Професорот Стефан Буџаковски вели дека Македонија не е исклучена од мапата на трговијата со дрога и има граѓани кои се вклучени во тој бизнис.

„Постојат сознанија дека македонски граѓани се вклучени во кокаинскиот бизнис, повеќе видови на дроги, на трговија помеѓу земјите на Европа и обратно од Турција кон Европа и последните случувања не се случајни ниту можат да бидат изненадување за јавноста.“

Некои од осомничените биле приведени и во претходната акција Велес, како и по нејзиното завршување, која беше спроведена во Виена и Франкфурт.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG