Достапни линкови

Нерасчистени сметки - мотив за тројното убиство


Осомничениот за тројното убиство сам се пријавил во полиција и го признал делото

Осомничениот за вчерашното тројно убиство во скопската населба Аеродром утрово сам се пријавил во полиција и го признал делото. Ова го изјави денеска миснитерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска. Едниот од убиените, Јорданов Јордан бил веќе приведуван за недозволена трговија со дрога и тој бил главаната цел на 47-годишниот скопјанец, кој влегол во ресторанот со автоматска пушка за да си ги „расчисти сметките“.

Министерката Гордана Јанкуловска
„Според неговата изјава дадена во полициска истрага утрово, мотивите за убиството биле претходно нерасчистени односи, односно должничко-доверителски односи со еден од убиените, односно еден од жртвите“, изјави министерката Јанкулоска.

Меѓу убиените е и 36-годишниот полициски службеник Владо Милошев, за кој Минситерството не знае дали случајно се сретале или претходно се познавал со убиениот Јорданов.
Јанкулоска вели дека полицијата навремено реагира и ги расчистува инцидентите.

„Ваквите настани се вознемирувачки за граѓаните, меѓутоа ние ги превземаме сите активности
..мотивите за убиството биле претходно нерасчистени односи, односно должничко-доверителски односи со еден од убиените.
кои се неопходни за расчистување на случаите за да не останат отворени прашања кои би влијаеле на негативно чувство, односно негативна атмосфера поврзана со безбедноста во земјата“, додаде Јанкулоска.

Професорот Владимир Пивоваров вели дека во Македонија почнуваат да се бројат по десетици жртви и дека полека ќе започнеме да наликуваме на латино-американските држави, доколку не се преземе нешто.

„Значи дали нема да очекуваме убиство на секое место, а полицијата да биде само известител од местото на настанот, дека се случил настанот. Суштината е дека безбедносната состојба во Македонија е крајно загрозена. Секое лице може да поседува оружје, за било каков банален настан може да се употреби тоа оружје и на крај доаѓаме до ситуација да ги пребројуваме жртвите.“

Криминологот Стефан Буџаковски вели дека последниов случај на тројно убиство само покажува дека криминалот во Македонија оди во нагорна линија.

„Па сега ние и да го криеме фактот, фактот покажува дека навистина одредени припадници во безбедносните служби учествуваат или подржуваат одредени криминални активности, тука секако дека треба да се преземат други дополнителни мерки, во рамки на средување
Па сега ние и да го криеме фактот, фактот покажува дека навистина одредени припадници во безбедносните служби учествуваат или подржуваат одредени криминални
активности.
на МВР во однос на дејствувањето на нивни припадници.“

Тој додава дека високо организираниот криминал не може да замисли без некаква помош од вработен во институција.

„Секоја криминална активност носи поголема заработувачка, зависи на кои криминални активности помагаат, се случуваат итн. Високо организираниот криминалитет неможе да се замисли без учество, поддршка на службите што го гонат тоа, полиција, царина, судство итн.“

Пивоваров смета дека во пракса се покажува оти во Македонија постои високо организиран криминал.Тој смета дека институциите трба да се борат против овој проблем и да учиме од грешките на соседите.

„Ако ние вака продолжиме, со ваков однос кон организираниот криминал, па Бугарија гледате дека секоја година има само критики од ЕУ, а веќе е членка на Унијата, а ние вака никогаш нема да стасаме до ЕУ. Значи и ова е еден од проблемите што верувам може да го имаме на патот кон членството во ЕУ, како критериум што ќе ни го постават.“

Организираниот криминал е непријател број еден на секоја земја и мора да се преземе мерки за да се спречи понатамошниот развој на овој проблем вели Пивоваров.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG