,,Почитувана госпоѓо Бедновска, односно Бендовска се извинувам."
,,Дали комбинацијата што ја носите е барок."
,,Мислите дека облековте жолтите маички и ќе прошетате како кловнови овдека, ќе викате уааа."
,,Не сум јас како вас, јас неносам 10 дена по ред една иста кошула."
Ова е краток пресек на тоа што деновиве се случува во македонското собрание. Лични навреди, и дисквалификации, меѓусебни обвинувања и оправдувања кои го спуштаат премногу ниско нивото на политичка култура во земјава. Народните избраници, истите оние кои граѓаните ги избраа за да ги претставуваат нивните интереси во законодавниот дом деновиве ја поминаа границата на пристојна и културна комуникација. Дебатата помеѓу претставниците на власта и опозицијата се претвори во телевизиско шоу во кое секој од говорниците уживаше и настојуваше да добие поголем аплауз од своите сопартијци.
Но, дали со ваквото однесување пратениците се свесни за пораката која ја испраќаат до граѓаните? Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека комуникацијата во последно време е се понервозна и излегува од контрола.
,,Сето тоа се случува под голем нагон на емоции. Мислам дека не постои некоја обврска што кај некои луѓе им изгледа дека е така."
Весна Бендевска од Социјалдемократскиот Сојуз признава дека ваквото однесување меѓу пратениците остава лош впечаток во јавноста. Таа не крие и дека личната нетрпеливост кон одредени колеги од спротивниот табор продолжува и по завршувањето на седницата.
,,Јас лично не контактирам со колеги кои навистина го спуштаат нивото на една обична човечка комуникација. Не чувствувам потреба ниту да се поздравам."
Антагонизмот меѓу владејачката партија и опозицијата го достигна нивото на омраза, анализира политикологот Алајдин Демири. Според него омразата меѓу двете ривалски партии е реална, поделбите се сè подлабоки, а личните навреди кои во суштина се партиски се резултат на насобраниот емоционален набој да се сака инаквото, различното, другото:
,,Една огромна фрустрација во немање на политичка визија, идеја односно политичко дејствување. Поделба на добри и лоши и тоа ќе трае се додека не се освести народот."
Проф. Демири смета дека ваквото однесување и начин на политичка комуникација ќе продолжи се додека не се направат реформи внатре во партиите и се додека граѓаните преку својот глас им ја даваат довербата на истите луѓе.

Мислите дека облековте жолтите маички и ќе прошетате како кловнови овдека, ќе викате уааа

Една огромна фрустрација во немање на политичка визија, идеја односно политичко дејствување. Поделба на добри и лоши и тоа ќе трае се додека не се освести народот