Достапни линкови

Ваши и наши!


Се поизразена партиската поделеност
Се поизразена партиската поделеност

Партизацијата присутна во сите општествени сфери. Луѓето се` повеќе поделени, а не поминува настан без да ,,замеша прсти" некоја од партиите.

Денеска како да се знае кога и каде и поради што луѓето ќе бидат незадоволни. Како многумина да не може да најдат сопствен начин да изразат нешто. Според впечатокот на некои граѓани нема протести туку кич. Има примери кога партиски војници се претставуваат како народ, или ситуации во кои една група стечајци е пред Собранието или Владата, а други кои се претставуваат како поранешни стечајци се пред седиштата на опозицијата. Вакви се согледбите на дел од луѓето.

,,Како што реков тоа е кич. Секоја партија си има свои луѓе, си организираат со нив протести, а тоа што нема, е спонтан протест. Треба државата да
Секоја партија си има свои луѓе, си организираат со нив протести, а тоа што нема, е спонтан протест
направи еден загарантиран минималец. Никој не протестира и Синдикатот генерално е слаб."

,,Народот ќе се изрази на избори, а инаку она другото според мене лично е губење време. Ќе се соберат, ова она и што направиле? Ништо. Според мене роварење е тоа меѓу луѓето."

Слабо цивилно општество-силни политички партии

Според експерите проблемот е во тоа што политичките партии се обидуваат да се претстават како единствени гласноговорници на народот и како да нема други покредибилни форми. Во таа улога според некои согледувања им помагаат и медиумите и од друга страна слабо изграденото цивилно општество под влијание на центрите на моќ. Се стекнува впечаток дека за најбанална причина битно е што ќе каже партијата, оценува професорот Ѓорги Тоновски.

,,Дури и до тоа дали некој канал, таму во некое село е исчистен или не, дали некоја чешма таму работи или не. Значи, се во овој момент се врзува со
Дури и до тоа дали некој канал, таму во некое село е исчистен или не, дали некоја чешма таму работи или не. Значи, се во овој момент се врзува со политика, односно со политичките партии, а она што е невладин сектор, тој сеуште не е толку силен за на тој начин да го освојува просторот и вниманието на граѓаните
политика, односно со политичките партии, а она што е невладин сектор, тој сеуште не е толку силен за на тој начин да го освојува просторот и вниманието на граѓаните, односно за граѓаните да се ,,вратат" повеќе кон инцијативите на тој невладин сектор."

На професор Билјана Вановска блиско и е размислувањето дека политичките партии се обидуваат да потиснат секаков поинаков начин на гледење на нештата и на таков начин се создава еднострана слика дека е виситина само она што ќе го кажат партиите. Самите партии се чини дека уживаат во митингашки облик на демонстрирање на тоа дека се пртставници на народот, вели Ванковска. Според неа тоа е чудна комбинација во претставничка демокртија каде работите би требало да се решаваат во институциите:

,,Интересно е дека практично партиските војници себе си се претставуваат како народ. Самите граѓани се во една безпомошна ситуација во која или дозволуваат да ги понесат овие вакви митинзи, на кои ако ништо друго ете можат да почувствуваат дека припаѓаат на некаква групација која зборува за нивните маки и проблеми, без притоа да бидат свесни дека понекогаш тие нивни маки се злоупотребуваат."

Во изминатиов период имавме примери дека проблемите на луѓето стануваат дел на политичка реторика, но и на видеоспотови кои го навредуваат човечкото достоинство. Но, додека некои проблеми се предимензинираат за други воопшто и не станува збор. Еден од примерите каде станува збор за класично немање излезно решение е примерот со стечајците, коментираат луѓето:

,,Ништо се е тоа релативна работа. Нема решение, штом си под стечај нема шанса ниту политичка партија, никој"

На сличен начин размислуваат и експертите:

,,Мислам дека стојат зад нив и политичките партии иако немаме дефинитивно сознание, или пак повеќе политички партии па се исподелиле стечајците помеѓу нив, меѓутоа мислам дека кај нив стои моментот на принудност, на егзестинцијална принуда, не само политичка."
Се напаѓаат во Парламентот. Не е убаво, треба едно достоинство да се има. Нека се расправаат меѓу себе за економската политика, кој сака нека дава предлози, но кога е интерес за државата тогаш нема што да се мисли, тогаш треба заеднички да се сплотат сите


Иако политичките барометри покажуваат дека граѓаните се подделени како и партиите, звучат објективно показателите за половина од вкупниот број анкетирани граѓани кои се изјасниле како неопределни во однос на поддршката на политичките партии. Дали тоа е протест дека не сакаме црно бел свет или само јавност уморна од долгата транзиција.

Што со неопределените?

Зар мора веднаш да се оцрнува тоа што не се сака. По многумина тоа е лош вкус. Во парламентот не може говорникот да каже две реченици, а тоа да не биде пречекано како што се почесто се случува, особено со најавата за можни предвремени избори, со свирежи или аплаудирања. Прашање е дали под вакви околности е можно формирање одредено мислење. Луѓето што се определени за партија се однесуват исто. Мислењето се наметнува однадвор. Партиите ги деференцираат и луѓето. Тие што не се со нив се на полпат. Тие се или извисени гласачи или нашле начин да се релизраат поинаку. Тие што не гласаат тоа го праваат од повеќе причини. Некои од пасивност. Власта во суштина за некои и безлична. Некои луѓе никогаш не може да живеат во колективи. Еве некои од размислувaњата на луѓето:

,,Се напаѓаат во Парламентот. Не е убаво, треба едно достоинство да се има. Нека се расправаат меѓу себе за економската политика, кој сака нека дава предлози, но кога е интерес за државата тогаш нема што да се мисли, тогаш треба заеднички да се сплотат сите."

,,Дури и луѓето што викаат дека не се заинтересирани за политика и тоа е одредена политика."

,,Јас си градам некое мислење за некоја партија која ја чувстувам поблиску до моите размислувања. Меѓутоа пак од друга страна тие и наметнуваат на некои луѓе, не е дека не наметнуваат. Но, на повозразни луѓе им се познати, не е дека неможат да познаат."

Според Јован Донев од Институтот Евро Балкан постои замор и тоа е очекувана последица од долгата транзиција. Но, тој не смета дека има индиферентнсот кон политиката што како тенденција генерално постои во светот и во делот на излесноста на луѓето на гласање. Изгледа само привидно дека има незаинтересираност кај луѓето за тоа што се случува во полтичкиот живот.
Од самиот почеток гласачкото тело во Македонија е поделено, немаме социјални слоеви


,,Од самиот почеток гласачкото тело во Македонија е поделено, немаме социјални слоеви, немаме поместување на социјалната структура на насилението како резултат нели на крупната сиромаштија, така што од тие причини нема никакви поместувања."

Професорот Ѓорги Тоновски проценува дека на луѓето веќе им е вградено свесно или несвесно дека политиката е се присутна и дека што ќе се случува со стандардот и другите пршања зависи од полтичкото. Ванковска посочува дека токму непределените сега се цел на полтичките партти. Комуникологот Петара Арсовски смета дека сега кај нас се случуваат паралелно два процеса. Првиот е метастазирање на политиаката во секојдневниот живот, а вториот е еманципација на публиката која на политиката се помалку и помалку и верува. Тие два процеса се контрадикторни:

Секоја партија што доаѓа на власт си вработува свои луѓе во администрацијата, во државната гарнитура каде што платите се сигурни и секои избори таа бројка се зголемува. Но, она што е потребно е да на се менуваат луѓето, она што е способен кадар треба да си остане без разлика на политичката определеност
,,Тоа е тој дел што се однесува на еманципација, знаат да ги прозрат триковите на политичките партии, не им веруваат безусловно итн. Од друга страна паралелно, се поголем дел од нашиот општествен живот, е подвлијание на медумите. Колку ние им веруваме или не, е индивидуално прашање."

Во основа луѓето ги интересира политиката и од практични причини. Системот кај нас во овие 20 години продуцираше таков однос. Егзистенцијалните причини ги политизираат и луѓето. Некои влегуваат во политика за да дојдат до работа. Затоа има и ривалитети Како конкуренција на работното место ги гледаат оние кои немаат книшки. Кога би имало подобара стнадард тоа не би било така. Луѓето би имале поинакви интереси како во економско помоќните земји. Тука партиите како да работат по шаблон. Виновен е системот кој така функционира во последните 20 години сметаат луѓето:

,,Секоја партија што доаѓа на власт си вработува свои луѓе во администрацијата, во државната гарнитура каде што платите се сигурни и секои избори таа бројка се зголемува. Но, она што е потребно е да на се менуваат луѓето, она што е способен кадар треба да си остане без разлика на политичката определеност."

Експертите велат дека проблемот е што општеството во тој дел не е на вистински основи поставено во изминатите 20 години. Можеби има нешто и во тоа дека сопственото мислење е секогаш авантура, неизвесност, ризик. Но, да се оддржува туѓото мислење за многумина се покажува дека е многу повеќе вносна професија. Има и мислења според кои не може да сме сигурни дека сме дораснати како општество на количината на слобода.

,,Не е само партизацијата таа што влијае, меѓутоа и самите интелектуалци се нудат себе си, односно кокетираат со центрите на моќ. Можеби ќе изгубат некаква шанса да им биде понудено некакво амбасадорско место или министерско и сл, па и тие се само луѓе и тие се подложени и на притисоци, на желби, на амбиции."

вели професор Ванковска.

Недостаток од критичка маса

Познато е дека некои од интелектуалците јавно се определија, а некои од нив се определуваат и менуваат страни повеќе пати од партија во партија. За жал може поединечно да се препознаат луѓе кои зборуваат во сопствено име без да имаат скриена агенда. Според комуникологот Петар Арсовски критичката јавност е прашање на демократска традиција:
Фактот што секоја политичка партија се соочува со опозиција кај некои интелектуални кругови, покажува дека не е толку поларизирано како што мислиме, но мислам дека тој зародиш на критичка интелектуална јавност сеуште не е доволно независен и стабилен за да може да преживее од гарнитура до гарнитура


,,Фактот што секоја политичка партија се соочува со опозиција кај некои интелектуални кругови, покажува дека не е толку поларизирано како што мислиме, но мислам дека тој зародиш на критичка интелектуална јавност сеуште не е доволно независен и стабилен за да може да преживее од гарнитура до гарнитура. Критичка јавност не се формира за десет години, затоа што секоја критичка јавност политичките партии ќе се обидат да ја загушат затоа што е независен извор на влијание на јавното мислење, мислам дека за критичка јавност ќе треба да почекаме уште неколку изборни циклуси."

Постојат размислувања дека еманципацијата треба да се случи преку нови свежи идеи кои може да дојдат од младите луѓе. А засега и на политичката сцена нема нови ликови. Покрај поголемите партии останатите се расцепкани и главно се фракции произлезени од поголемите партии. Но, овде и не станува збор за тоа дека нешто суштински треба да се промени. Станува збор меѓутоа за потребата сопствените улоги да се оценат коректно. Да не се потценува темелот зошто никогаш не може да се биде супериорен спрема сопствената основа. А игнорирањето на сопствените претпоставки се случува и отповеќе често. Тука повторно се враќаме на основните поими дека партиите имаат епизодна улога во нашите животи велат граѓаните.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG