Достапни линкови

Тактизирање со изборите


Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа реши да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа одлучи да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. Во соопштението од партијата се наведува дека во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата. Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека во 2008 година прифатиле предвремени избори за да се деблокира Собранието и да се продолжи со реформите. Од владеачката партија соопштуваат дека доколку сега се распишат предвремени парламентарни избори предноста на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ќе овозможи најмалку двојно повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ и сигурен нов четиригодишен мандат.Директорот на Центарот за комуникации на партијата, Илија Димовски по вчерашната консултативната средба на владејачката коалиција
Не е добро за економијата, не е рационално во една состојба кога сме на почетокот на заздравување од економската криза да истрошиме уште пари за предвремени избори
„За подобра Македонија“ изјави дека тие направиле анализа на сите аспекти. Од коалиционите партии кои земаа учество на состанокот велат дека тие не се за одржување на предвремени избори. Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов вели дека таквиот чекор не би бил во интерес на државата и граѓаните и партиите треба да се фокусираат на евроинтегративниот процес на Македонија.

,,Парламентот, Владата, се функционира нормално и заедно и со опозицијата сите треба заеднички да работиме за да се дојде до компромис со Грција околу спорот што е наметнат од нивна страна, а после тоа доколку има такви определби може да се оди на избори."

Лилјана Поповска од Демократска Обнова на Македонија вели дека политичарите секогаш се спремни за избори, но нема реални причини да се прифати барањето на опозицијата.
Не се оптеретуваме, ниту пак имаме некои посебни очекувања. Од наша страна раката е подадена за предвремени избори. Што ќе направат е нивна работа

,,Не е добро за економијата, не е рационално во една состојба кога сме на почетокот на заздравување од економската криза да истрошиме уште пари за предвремени избори. Ние оваа година го имаме и пописот, тоа би значело пореметување на пописот и пореметување на демократската, стабилна клима во која што тој треба да се изведе. Не смее да ни стане пракса прифаќање на условување."

Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров вели дека тие го постигнале планираното и сега одлуката треба да ја донесе владејачката партија.

,,Не се оптеретуваме, ниту пак имаме некои посебни очекувања. Од наша страна раката е подадена за предвремени избори. Што ќе направат е нивна работа, треба да се обратите на таа адреса."

Опозицијата пред неколку дена на протестен марш побара предвремени избори за промена на власта и го повика премиерот Никола Груевски да даде оставка од својата функцијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG