Корупција има насекаде и таа зазима се поголем замав, бидејќи институциите кои се задолжени да се борат со оваа аномалија во општеството не се доволно моќни, велат граѓаните и експертите. Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија беше наведено дека земјава заостанува во спроведувањето на реформите во борбата со корупцијата и дека таа и натаму останува распространета во многу области и продолжува да биде сериозен проблем. Некои од граѓаните велат дека досега не биле подложени на корупција, иако познати им се такви случаи, други пак потврдуваат дека се нашле во ситуација во државните институции да им побараат мито за да им завршат некоја работа.
,,Во Геодетска управа отидов и ми велат дека можат веднаш да ми извадат уверение за градежна дозвола, ама велат мора да платиш. Им реков, дека ќе почекам но, дека нема да дадам пари."
,,Не сум била соочена."
,,Па многу се зборува за тоа и штом се зборува значи има. Сите велат, неможат да завршат работа, ако не платиш. За секој документ ти треба да платиш."
Поранешниот антикорупционер Драган Малинковски вели дека не се прават доволно напори во бробата со корупцијата, бидејќи во последниве години се намалуваат капацитетите на институциите и тие се се повеќе исполитизирани и затоа неможат суштински да се зафатат со овој проблем.
,,Од друга страна и во самата извршна, локална власт, секаде онаму каде што се практикува власта и каде што се најголемите можности за корупција немам чувство дека се промовираат позитивни практики во извршувањето на функцијата, пред се во смисла на транспарентност, отчетност на трошењата итн."
Според анализата на организацијата Транспаренси Интенешнел, која ја следи корупцијата во светот, секој четврти човек платил поткуп во изминатата година. Ваквата појава најраспространета е во земјите од Суб-Сахарна Африка, Блискиот Исток и Северна Африка. Во поранешните советски републики, 32 отсто од анкетираните се изјасниле дека платиле поткуп, а на Балканот и Турција тој процент изнесува 19.
Во Геодетска управа отидов и ми велат дека можат веднаш да ми извадат уверение за градежна дозвола, ама велат мора да платиш. Им реков, дека ќе почекам но, дека нема да дадам пари
,,Во Геодетска управа отидов и ми велат дека можат веднаш да ми извадат уверение за градежна дозвола, ама велат мора да платиш. Им реков, дека ќе почекам но, дека нема да дадам пари."
,,Не сум била соочена."
,,Па многу се зборува за тоа и штом се зборува значи има. Сите велат, неможат да завршат работа, ако не платиш. За секој документ ти треба да платиш."
Поранешниот антикорупционер Драган Малинковски вели дека не се прават доволно напори во бробата со корупцијата, бидејќи во последниве години се намалуваат капацитетите на институциите и тие се се повеќе исполитизирани и затоа неможат суштински да се зафатат со овој проблем.
Од друга страна и во самата извршна, локална власт, секаде онаму каде што се практикува власта и каде што се најголемите можности за корупција немам чувство дека се промовираат позитивни практики