69 проценти од граѓаните кои ја посетиле нашата веб страница сметаат дека преку проектот Скопје 2014 се „перат“ пари. Во анкетата на Радио Слободна Европа, само 22 проценти од анкетираните, се на мислење дека нема простор за такви сомневања.
Извори од опозициската СДСМ велат дека владата остава простор за сомневања во тендерските постапки. За нив е несфатливо по кои критериуми на пример се исплаќаат авторските хонорари на проектите од Скопје 2014? Тие се сомневаат дека високите хонорари се само начин да се свртат парите во круг.
И министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, чие Министерствосе јавува како инвеститиор на четири проекти од Скопје 2014, вели дека дека секој проект опфаќа повеќе фази на изградба, што подразбира склучување на неколку договори. Нема конкретен одговор за тоа колку всушност чини целиот проект:
„На почетокот нормално дека имате проектански суми од страна на проектите за самиот проект, тие проектантски суми, тие одат на тендер, потоа се скучува договор итн. Има фазно градење каде што имаме неколку договори во целата изградба.“
Како да се заштитиме од можни злоупотреби во оваа област? Дали доколку еден инвеститор ги преземе сите фази при реализацијата на еден проект? Ја прашавме Слаѓана Тасева од Транспарентнот нулта корупција:
„Најчесто таквите работи се и невозможни, затоа што еден инвеститор најчесто неможе да одговори на сите работи потребни се подинвеститори итн. Она што може да биде превенција е да се објавуваат на време и тендерите и понудувачите, сите изведувачи, целосно да се објавуват и договорите и се она што тие го содржат.“
Експертите, пак, велат дека токму јавните набавки се подрачје кое е најмногу подложно на корупција. Постојат тешки прекршувања во законите, што предизвикува фирмите да не учествуваат на јавните тендери, изјави неодамна Илми Селами, претседател на Антикорупциската комисија:
„Станува монополизација на јавните средства, на јавните пари.“
Резултатите од последниот квартален извештај од мониторингот на јавните набавки во земјава спроведено од Центарот за граѓански комуникации покажаа дека меѓудругото секој четврти тендер во земјава се поништува, дека се користат спорни елементи во изборот на најповолна понуда, оти се зголемуваат нетранспарентните постапки за склучување директни договори за јавни набавки итн.
Извори од опозициската СДСМ велат дека владата остава простор за сомневања во тендерските постапки. За нив е несфатливо по кои критериуми на пример се исплаќаат авторските хонорари на проектите од Скопје 2014? Тие се сомневаат дека високите хонорари се само начин да се свртат парите во круг.
И министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, чие Министерство
Најчесто таквите работи се и невозможни, затоа што еден инвеститор најчесто неможе да одговори на сите работи потребни се подинвеститори итн. Она што може да биде превеција е да се објавуваат на време и тендерите и понудувачите, сите изведувачи, целосно да се објавуват и договорите и се она што тие го содржат.