Г-дине Селами во последно време често критикувате за монополизација на јавните пари, за прекрушување на законите што предизвикува некои фирми да не учествуваат на јавни тендери. Кому се упатени овие забелешки?
Поглемиот дел од нив се однесува на корупцијата во приватниот сектор, односно корупцијата во јавните набавки. Зошто велам корупција во приватниот сектор или јавните набавки, поради тоа што односот на јавниот со приватниот сектор во најголем случај се јавува токму по пат на јавните набавки, таа нишка на приватниот со јавниот сектој која е постојана од осамостојувањето па досега, придонесува корупцијата по пат на јавните набавки, значи тендерските постапки, се појавува често момент на корупција и тоа во сите сегмени на јавните набавки, од тендерската документација, спроведување на набавките, реализација на договорите итн, и ако се изврши анализа од 1990-та година па наваму, ќе видите дека како се менуваат властите, така се менуваат и фирмите што работат за интересите на јавниот сектор, буквално ќе видите дека едни исти фирми се појавуваат, да речеме во градежниот сектор, во другите сектори, постојано едни исти фирми се јавуваат, додека е една гарнитуа на власт, а кога доаѓа друга гарнитура се менуваат и гарнитурите на фирми. И ова само по себе говори дека итно нешто како систем ќе мора да сториме за да ја спречиме корупцијата.
Го споменавте градежништвото. Еве конкретно, се слушнаа во повеќе наврати наводи дека има елементи на коруптивност околу тендерските постапки за проектот ,,Скопје 2014". Дали ги проверивте овие наводи?
Се е како што предвидуваат законите. Што значи дека кога ги носиме законите, треба да ги синхронизираме, меѓусебно и да ги контролираме, особено да ги доставиме до Антикорупциската комисија на мислење, за да таа од аспект на антикорупција и антиконфликт на интереси да даде свое мислење. Таквата убава пракса, веќе полека спласнува и се повеќе се носат закони по брза постпка и не се доставуваат на мислење до Државаната комисија за спречување на корупцијата, а тоа пак придонесува самите закони да произведуваат корупција, самиот систем да произведува корупција и така доаѓаме до ситуација кога имаме се - тендерски процедури коишто се предвидени со закон, имаме понатаму реализација на договорите како што предвидува законот и на крај имаме повторно корупција. Ако навистина имаме политичка волја да се бориме против корпцијата тогаш навистина тоа треба да почне од самите закони.
Дали Антикорупциската комисија ќе стои на страна во однос на информациите пласирани во јавноста дека директорот на УБК Сашо Мијалков имал непријавен имот во Чешка или оценувате дека треба да реагирате?
Апосолутно. Ние само што се појавија наводите во јавноста, јас тоа лично го проверив со соработникот во нашиот секретаријат, за да увидам дали има некој документ или ако нема да го побараме. Ние се заинтересиравме и сакам во овој случај на јавноста да и укажам на следното. Од партиски говорници многу е лесно да излезете и да кажете се и сешто, дали е тоа проверено или не, тоа ќе го докажат други. Акт на купопродажба дали ќе купите или продавате нешто, вие што го поседувате, е актото Акт на купопродажба, кога ќе купите или продавате нешто, е актот на суверенизација на договорот, не е актот на склучување на предоговор, или пак на договор, туку актот на суверенезација на договорот. Од тој момент во рок од 30 дена доколку тоа не се пријави како промена на имот во Државната комисија за спречување на комисијата, тогаш имаме проблем, значи нешто се крие. Во овој случај ние утврдивме дека нема никаков договор за купопродажба на имот од страна на г-динот Мијалков на други фирми. Доколку некој во државата било да се тоа политички партии, има, поседува некаков таков договор нека го достави до Државната комисија, ние тоа ќе го процесуираме.
Што ве спречува вас г-дине Селами како Антикорупциска комисија да ги проверите тие наоди. Вие што мислите, треба ли тоа да се провери со оглед дека тоа беше емитувано во јавноста?
Но, законот вели: доколку имаме основи за сомневање. Во овој случај нема
основи за сомневање. Ако некој во државата има такви основи за сомневање, нека повели, вратите на Државната комисија за спречување на корупцијата се отворени, нека го пријави тоа и ние ќе постапиме. Значи, сакам да кажам, да не се создаде слика во јавноста со цел да се придобијат политички поени и после комисијата да се внесе во работа во каој што навистина залудно губи и време и енергија и крајниот ефект пак ќе биде дека во тој случај нема ништо. Ме зачудува, ако излегувате вие на партиска говорница, велите дека г-динот Мијалков има промена на имотната состојба и тука веднаш ја заташкате целата работа, зошто не излегувате да мавтате со договорот за да Комисијата навистина добие аларм дека навистина има нешто реално, а не само политика. И конечно сакам да кажам дека ни се случуваат политички игри без граници, и веќе се губи чувството што навистина е независен орган, што контролен орган, што е граѓанство, што е НВО, а што власт и влада.
Не ангажирањето на Комсиијата да покрене иницијатива дека од државната каса се плаќале реклами за ВМРО ДПМНЕ беше прифатено со негодување од опозицијата која ве критикуваше дека сте ,,приврзок на власта". Како го коментирате ова?
Тоа е тоа што го велам. Ни се случуваат политички игри без граници. Ние зборуваме за реална и фактична борба против корупцијата. Во овој дел имате конкретен човек кој што излезе и рече: мене ми се дадени средства. И тоа апсолутно е надлежност на Јавното обвинителство. Истата вечер имаше изјава од страна на г-динот Шврговски дека ќе го испитаат случајот. Дојдовме до ситуација како Антикорупциска комисија за да не се дуплираме, внимавајте кога велам дуплирање не станува збор за супституирање на нашата работа, туку верувајте дека истрагата што ние како Комисија ја правиме е буквално иста како таа што се случува сега. Не не спречува ништо да отвориме истрага, но внимавајте тоа отвора губење време и енергија на две институции кои што навистина имаат важни задачи и сега, ако го повика Јавниот обвинител г-динот Велија Рамковски да даде исказ треба да дојде и истиот исказ и кај нас да го даде, замислете! Или пак УЈП да ја храни со информации и Комисијата и Јавното обвинителство и сега доаѓаме до ситуација, знаејќи дека притоа конечниот исход од сето наше постапување би било покренување на иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење. Она што сега го прави Јавното Обвинителство, ние како Комисија донесовме заклучок ако имаме сознанија дека постапувањето на Јавното обвинителство на другите институции не одело во правец кој што е потребен, нас ништо не не спречува повторно да го активираме предметот.
Од друга страна пак, до каде сте со проверката на случајот ,,Надеж". Во овој случај вие покренавте иницијатива?
Дојавата до Комисијата за случајот ,,Надеж" стигна од сосема трета страна и сега во тој случај кога имате само дојави вие тоа мора да проверите, а знаете дека не го проверува ниту Јавното обвинителство, ни МВР, и вие како надлежен орган пројавувте интерес. И затоа ние пројавивме интерес и го испитавме случајот и дојдовме до она до кое што дојдовме, дека ангажирањето на консултантите е склучено без процедура предвидена во закон за јавни набавки и ајде што тоа не е почитувано, туку немало ниту внатрешни критериуми за ангажирање на консултантите, ниту пак за нивното плаќање, односно колку и за што ќе им биде платено и немало никаков, така да кажам евалуционен документ со кој што Кабинетот или претседателот тогашен ќе кажел дали е задоволен од работата што ја завршиле. И токму поради тоа ние покренавме иницијатива, таа иницијатива е во Јавното обвинителство, тие постапуваат, во моментов не знам до каде стигнеле.
Очекувате ли Јавното обвинителство нешто да провери во случајот ,,Надеж"?
Не само во случајот со Црвенковски, туку и во случајот со Груевски или пак со Велија Рамковски. Треба еднаш за секогаш да сватиме дека сме рамноправни, односно треба да бидеме рамноправни пред законот како што тоа го предвидува законот. Јавното обвинителство треба коренито да ги испита случаите и во едниот и во другиот случај. Ние не велиме дека сме најпаметни и тоа што сме го утврдиле при нашето постапување, сме го утврдиле како што треба, ако тие оценат дека во случајот со Бранко Црвенковски реално нема корупција како што ние сме утврдиле, тогаш ние ќе се почитуваме еден со друг. Но, исто така велам и за случајот со владата и со Велија Рамковски, ако имало корупција, а излезе дека немало корупција, навистина тоа би било загрижувачки.