Достапни линкови

Железнец споменик на културата само на хартија


Се распаѓаат старите камени куќи, своевиден архитектонски бисер останат од пред два века во демирхисарското село Железнец, иако целата населба со објекти е заштитена со закон како споменик на културата.

Последните триесетина жители од селото се жалат дека објектите со години се оставени на забот на времето, а грижа од страна на државата скоро и не постои. Освен што се губат автентичните градби, се загадуваат и празнат водите на реката Црна која тука извира.
Се распаѓаат објектите. Ова е рачна работа, порано мајстори имало сега никој не знае да ги соѕида вака со камења, со тули ѕидаат сите.


„Се распаѓаат објектите. Ова е рачна работа, порано мајстори имало сега никој не знае да ги соѕида вака со камења, со тули ѕидаат сите. Оваа има 200 години откако е ѕидана со печени тули од кал, а не сега како што прават цели блокови од тули. Тогаш на раце ги правеле.“

„Штета е за изворот кој е несреден, ова е природна реткост. Порано реката изобилуваше со ендемска речна пастрмка, а сега ја има, но е ретка, никој не ја штити. Се лови недозволено со мрежи, со
Порано реката изобилуваше со ендемска речна пастрмка, а сега ја има, но е ретка, никој не ја штити. Се лови недозволено со мрежи, со харпунзи, стакла. Инаку се се руинира, паѓаат куќи. Проблем е што нема проекти за развој на
местото.
харпунзи, стакла. Инаку се се руинира, паѓаат куќи. Проблем е што нема проекти за развој на местото“, реагираат жителите.

Општина Демир Хисар на чија територија е Железнец се дави во долгови за да може финансиски да помогне за заштита на објектите во селото.

„Општината во своите програми и планови има стратегија за развој на селото. Потребата за ревитализација и за заживување на местото далеку ги надминува можностите и капацитетот на општината. Таа стратегија и сите предвидени елементи се понудени на домашни и странски инвеститори се со цел да се заштити архитектурата и да се среди околината“, вели градоначалникот Тони Анѓелевски.

За жал, досега никој не се одзвал на нивните повици, па во селото иако со идеални услови за еко и селски туризам, нема ниту едно продавниче, а не пак други места за престој на туристи.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG